Во рамките на 54. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, Македонскиот народен театар ќе гостува со претставите „Макбет“ и „Силјан Штркот шанца“. Фестивалот ќе се одржи од 7-ми до 15-ти јуни.
Претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Нела Витошевиќ, пред прилепската публика ќе биде одиграна на фестивалското отворање (во официјалната натпреварувачка програма), на 7-ми јуни.
На затворањето на фестивалот, на 15-ти јуни 2019 г., a во чест на нагадените, ќе се одигра претставата „Силјан Штркот шанца“, по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.
На 27-ми јуни, на големата сцена во МНТ, претставата „Макбет“ ќе настапи и на 40. јубилејно издание на „Скопско лето“.
„Макбет“ на режисерот Нела Витошевиќ и на драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар е волуминозна и впечатлива претстава во која беспрекорно функционираат сите составни елементи, сценографијата, костимографијата, музиката и актерската игра – поентира театарскиот критичар Тодор Кузманов во својата рецензија на претставата.
Улогите во „Макбет“ ги играат: Макбет – Сашко Коцев, Леди Макбет – Драгана Лошкова, Кралот Данкан – Сенко Велинов, Малколм – Дениз Абдула, Банко – Стефан Вујисиќ, Макдаф – Благој Веселинов , Вештерка 1 – Наталија Теодосиева, Вештерка 2 – Ана Стојановска, Вештерка 3 – Ивана Павлаковиќ, Рос – Борче Начев, Ленокс – Славиша Кајевски, Ментет, Гардистот – Исмет Шабановиќ, Кетнес – Дарко Ристовски, Убиец 1 – Томислав Давидовски, Убиец 2 – Ненад Анѓелковиќ, Сиворд – Виктор Бужаров, Флинс, син на Банко – Филип Ивковски, Момче, син на Макдаф – Адриен Боирал.
Билетите за изведбата на 27-ми јуни се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и преку онлајн системот на www.mnt.mk.