петок, ноември 15, 2024
домаСпортОстанати спортовиМакедонското знаме се развеа на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри...

Македонското знаме се развеа на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022

Олимпискиот стадион во Пекинг “Птичје Гнездо” денеска во 13 часот по македонско време кога започна отварањето на ЗОИ ПЕКИНГ 2022 стана првиот стадион во историјата на кој ќе се одржат церемонија на отворање и на летни и на зимски олимписки игри (ЗОИ).

На церемонијата на отварањето на ЗОИ, македонското знаме го носеше Дардан Дехари, додека Ставре Јада и Ана Цветановска, заради близок контакт со позитивно лице на КОВИД-19, го проследија отварањето на ЗОИ ПЕКИНГ од Олимпиското село. Како што известија од Македонскиот олимписки комитет, тие не се во карантин и со нетрпение го очекуваат почетокот на своите натпревари.

Директорот на церемонијата на отварање на Олимписките игри и во 2008 и сега во 2022 е Џанг Јиму, кој ги осмисли и двете церемонии. Во 2008 година, најдобриот кинески гимнастичар, Ли Нинг (три златни олимписки медали) “леташе низ воздухот“, се до покривот на стадионот каде што го запали Олимпискиот факел.

Пред четири години, олимпискиот првак во уметничко лизгање, Јуна Ким, го запали Олимпискиот пламен, на ОИ Пјонгчанг 2018.

Факелот беше изнесен на Олимписката патека од страна на двајца членови на женскиот тим за хокеј на мраз, составен од играчи од Северна и Јужна Кореја.

Северна Кореја е суспендирана од страна на Меѓународниот олимписки комитет бидејќи не учествуваше на ОИ ТОКИО 2020.

Парадата на нациите на отварањето на ЗОИ беше според кинеските знаци, но спортистите на Грција беа првите кои влегоа на Олимпискиот стадион. Градот Милан Кортина е следен домаќин на ЗОИ во 2026 година и затоа Италија е претпоследната олимписка делегација која влезе на Олимпискиот стадион „Птичје гнездо“. По нив, на крај, следеа кинеските спортисти.

Македонската Олимписка делегација која учествува на зимските Олимписки игри Пекинг 2022 ја сочинуваат:

– Ана Цветановска – Крос кантри – тренер Борче Јовановски – дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари).

– Дардан Дехари – Слалом и Велеслалом – тренер Антонио Ристевски (настап на 13 и 16 Февруари).

– Ставре Јада – Крос кантри – тренер Борче Јовановски / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари). А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ