Со голема надеж дека лошите денови се зад нас, задоволство ни е да ви го најавиме вториот пост-ковид open air концерт во Македонија (само еден ден после концертот на Deep Purple), на 29-ти мај на стадионот на АРМ во Скопје, соопшти „Авалон продукција“.
-Се решивме да имаме вечер на отворено, овој пат за „Голем круг на големи луѓе“ со еден од најдобрите европски вокали во моментов, кој е светски, а наш- Масимо. После неколку пати по ред распродадени: Универзални сали, МОБ, Македонска филхармонија, време е за голем open air на Масимо во Скопје – додаваат организаторите.
Сет листата ќе биде полна со хитови од целата негова кариера од Dorian Gray и Sjaj u tami, па се` до последниот хит „Mali krug velikih ljudi“, кој се закити со наградата „Порин“ во категоријата „Песна на годината“ за 2021 година.
Влезниците се веќе во продажба низ продажните места во мрежата на Авалон и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории: ПАРТЕР: 900 денари, ФАН ПИТ: 1.200 денари, ВИП: 1.500 денари.