четврток, декември 26, 2024
домаЖивотСоцијална политикаМеѓаши и SIEC со проект и стратегија за „Поправеден свет за секое...

Меѓаши и SIEC со проект и стратегија за „Поправеден свет за секое дете“

На конференцијата за медиуми, на која ПДАС Меѓаши ја информираше јавноста за Стратегијата за унапредување на правата на децата на територија на Град Скопје изготвена во рамки на проектот „Стратегија и Акциски план за унапредување на правата на децата и Акциски план за поддршка на деца на улица/улични деца во Град Скопје“, беа презентирани приоритетите, стратешките цели и активностите од ученици од средните училишта што учествуваа во проектот.
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши заедно со Центарот за интеграција и поддршка (SIEC) го спроведе овој проект и го водеше процесот на подготовка на Стратегијата. Меѓаши работи на заштита и одбрана на детските права со што се стреми кон остварување на својата визија за „Поправеден свет за секое дете“.
Проектот е дел од Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита во Град Скопје и се спроведе во периодот мај-ноември 2022.
Оваа Стратегија која е разултат на проектот е подготвена водејќи се од потребите констатирани низ анализите кои беа изработени како дел од проектот, како и врз основа на мислењата и предлозите кои беа прибрани низ широк консултативен процес во кој беа вклучени сите релевантни чинители. Во овој документ кој е резултат на процесот на стратешко планирање се земени предвид и мислењата на група средношколци кои учествуваа и дадоа предлози на две работилници.
Од клучно значење беше во процесот да бидат вклучени сите засегнати страни, заради што веднаш на почетокот на проектот беше формирана работна група која се состои од претставници на МОН, МТСП, Министерство за здравство, МВР-СВР Скопје, Министерство за правда, Народен правобранител, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, повеќе сектори во Градот Скопје, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Зеф Љуш Марку“ и Здружението за заштита на правaта на децата и Днeвниот центар за деца на улица што го води здружението. Група ученици од 9 скопски средни училишта активно учествуваше во процeсот.
Визијата е Скопје да биде град по мерка на децата каде тие ги уживаат сите свои права.
Мисија е Градот Скопје работи заедно со сите релевантни чинители да ги унапредува правата на децата, преку создавање безбедна средина, каде тие не се дискриминирани и се мотивирани да се здружуваат и активно да учестуваат во донесувањето на одлуките кои ги засегаат.
Улогата на локалната самоуправа во спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето е дека, сите органи и поединци законски ќе го почитуваат начелото на недискриминација. Исто така треба да поттикнува развивање култура на активно вклучување на децата и младите во демократските процеси што ќе придонесе повеќе да се слушнат нивните потреби и тие би биле чинители во носењето одлуки за работи поврзани со нив. Креирањето и одржувањето безбедна средина за децата и младите е исто така обврска за која локалната самоуправа може да направи многу. Решавањето на проблемот со децата на улица мора да се адресира преку решавање на проблемите на повеќе нивоа.

ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРИОРИТЕТНИТЕ ОБЛАСТИ НА СТРАТЕГИЈАТА
НЕДИСКРИМИНАЦИЈА
Каква е тековната состојба?
• недоволна едукација меѓу децата и младите за прашањето со недискриминација.
• недоволно развиена свеста и сензитивноста за различностите меѓу децата и младите и кај нив се јавуваат стереотипи и предрасуди особено по прашања на социјален и економски статус и род.
• не сите институции имаат пристап за лица со попреченост
• деца кои немаат лични документи (како извод од матична книга на родени)
• некоординираност на централно и локално ниво и непримена на механизми за заштита на децата од дискриминација. Што предвидува Стратегијата?
Ниту едно дете не е дискриминирано по ниту една основа
-Констатирана состојба за нивото на дискриминација по различни основи во сите средни училишта на Град Скопје
-Зајакната свест и зголемено разбирање и сензитивност за различностите
-Инстистуциите на локално ниво и граѓанските организаици кои работат со деца поефективно го адресираат прашањето на дискриминација преку ефикасна меѓусебна координација и соработка

ЗДРУЖУВАЊЕ НА ДЕЦАТА И НИВНО УЧЕСТВО ВО ОДЛУЧУВАЊЕТО
Каква е тековната состојба?
• неорганизиран пристап кон здружувањето – недоволен број заеднички активности и проекти за деца и млади во различни делови од градот, немањето младински клубови, како и програми кои би го поттикнале младинскиот активизам
• немањето ресурси за вакво здружување како одредени фондови или простории за здружување
• недостигот на воннаставни активности како и недоволната поддршка од возрасните,
• на територијата на Град Скопје нема доволно пракса на вклучување на децата и младите во донесувањето одлуки, ниту пак воспоставени механизми за учество како на пример младински совети, комисии, советници, младински парламенти и сл.
Што предвидува Стратегијата?
Зајакнати капацитети на децата за здружување и застапување за своите прaва
-Поттикнување на здружувањето на децата преку програми на Локалниот младински совет на Град Скопје
-Едукација на средношколците за јакнење на вештините за здружување и застапување на своите права и интереси
-Јакнење на капацитетите на наставниот кадар за поддршка на иницијативи од деца и млади
-Отворање центри за деца и млади за поттикнување на здружување, социјализација и активизам
Децата учествуваат во процесите на носење одлуки
-Зголемување на информираноста на децата за нивното право и можностите за учество и подобрување на достапните механизми за учество
БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО ГРАД СКОПЈЕ
Каква е тековната состојба?
• немање врсничка поддршка и солидарност, зголемување на врсничко насилство, како и меѓугенерациски пренос на насилство (повисоките класови кон пониските класови)
• небезбедност на интернетот, немање контрола над медиумите и социјалните мрежи отвораат низа проблеми со тоа колку се безбедни, какви пораки добиваат децата и младите и како тие влијаат на градење на нивната личност.
• помеѓу младите во Град Скопје постои и врсничка нетолеранција на етничка основа – местата во јавниот простор понекојпат се претвараат во “арени” на нетрпеливост врз основа на етничка припадност (градскиот превоз, спортските објекти и училишните дворови) и стануваат места каде е нарушена безбедноста на младите и на сите околу нив.
• недоволен број слободни тротоари, недоволен број на семафори и пешачки премини кои се јасно обележани.
• децата на улица секојдневно се соочуваат со големи безбедносни ризици. Што предвидува Стратегијата?
Зголемена безбедност на децата и младите во град Скопје
-Намалување на сите видови на насилство
-Зголемување на безбедноста на децата во јавните установи, јавниот простор и ЈСП
-Сузбивање на експлоатација на детски труд
ДЕЦАТА НА УЛИЦА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ
Каква е тековната состојба?
Деца во ризик кои се честа појава на територијата на Град Скопје се група од околу 250 децата на улица. Овие деца се исклучително ранлива категорија која секојдневно се соочува со големи ризици.
• најчесто се предмет на експлоатација на детски труд,
• на трговија со луѓе чија цел се питањето,
• сексуална експлоатација
• присилна работа и
• отстранување органи
Овие деца не остваруваат повеќе од основните права: сооодветен стандард на живеење, социјална и здравствена заштита, слобода на движење, образование.
Што предвидува Стратегијата?
1. Интегрирање на децата од улица во образовниот процес (во предучилишните установи, основните и средните училишта) и нивна ресоцијализација
-Зајакнување на мулти-секторскиот пристап и соработката во решавање на проблемот со деца на улица
-Обезбедување на квалитетна образовна поддршка за децата на улица
2. Зајакнување на социо-економскиот статус на семејствата на децата на улица
-Вклучување на пазарот на труд на членовите од семејствата/ домаќинствата на децата на улица
-Стекнување и менување на работните навики и вештини на членовите од семејствата/ домаќинствата со деца на улица заради вклучување во работен процес
3. Придонес кон менување на стилот на живеење на семејствата со деца на улица
-Едукација и психосоцијална поддршка на членовите на семејствата/ домаќинствата со деца на улица (животни вештини, родителство)
-Поттикнување на меѓусебна поддршка и помош меѓу родителите и старателите на деца на улица

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ