недела, декември 22, 2024
домаКујнаМериленд: Убиени пет лица во весник поради статус на социјалните мрежи

Мериленд: Убиени пет лица во весник поради статус на социјалните мрежи

Напаѓачот, кој е во дневниот весник „Капитал газет“ уби пет лица, а повреди уште две, долго време се заканувал на редакцијата бидејќи новинарите на Фејсбук профилот објавувале статуси за физичкиот напад врз една жена, а неа ја удирал токму изнервираниот напаѓач кој е идентификуван како Џерод В. Рамос (38).

Рамос бил уапсен кратко време по нападот од полициски службеници, а идентификацијата на била попречена бидејќи оштетил делови од прстите и не можел да се идентификува врз основа на отпечатоци од прсти. Идентификацијата на напаѓачот успеала со технологија за препознавање  на лицето. Полицијата потврди дека се убиени Венди Винтерс (65), Ребека Смит (34), Роберт Хиасен (59), Џералд Фишман (61) и Џон Мекнамара (56). Исто така, полицијата соопшти дека редакцијата на весникот добила закани преку социјалните мрежи, непосредно пред нападот.

Според објавените информации, Рамос неуспешно ја тужел редакцијата на весникот во 2013 година за клевета. Тој бил споменат во еден од прилозите во весникот во 2011 година, откако се изјаснил за виновен за злоупотреба. Во статијата се наведува дека во поранешното училиште тој злоупотребувал и им се заканувал на свои соученици преку социјалните мрежи. Неколку месеци на неименувана девојка од училиштето и испраќал бројни мејлови нарекувајќи ја со погрдни имиња и убедувајќи ја да изврши самоубиство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ