среда, ноември 20, 2024
домаЖивотСоцијална политикаМицотакис: Следните 10 дена во битката против КОВИД-19 се клучни за Грција

Мицотакис: Следните 10 дена во битката против КОВИД-19 се клучни за Грција

Владата одлучи да воведе тринеделeн  карантин

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на телеконференција со лидери од други земји кои успешно се справија со пандемијата во вторникот рече дека следните 10 дена ќе бидат клучни за израмнување на кривата на вториот бран откако ќе стапи на сила карантинот. Зборувајќи пред лидерите на Австралија, Австрија, Чешка, Данска, Израел и Норвешка – сите земји кои досега успешно се справуваа со здравствената криза – Мицотакис ја истакна важноста на најавата од фармацевтската компанија „Фајзер“ во понеделникот дека е близу до вакцината.

Објаснувајќи зошто владата одлучи да наметне тринеделен карантин, кој започна во саботата, а грчкиот премиер ги информираше своите колеги и за агресивниот прилив на нови случаи и за притисокот што се врши врз националниот здравствен систем. Тој рече дека следните 10 дена ќе бидат „клучни“ во демонстрација дали строгите ограничувања се применуваат на социјалната и економската активност.

Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ