Познатиот македонски пејач Мики Јовановски- Џафер деновиве на својот фејсбук профил сподели една своја песна, за која доби многу коментари и пофалби.
Денес тој објави повеќе за песната, и запиша :
-Ви благодарам на сите за убавите пораки на песната “Сиот жар на љубовта” . Песната е снимена пред 16 и пол години. Автор е Ѓоко Мишковски, брат на Винко (“Сонце за три света” ). Гитара свири легендарниот Груле (“Под Пелистер” , “Одам на југ”, “Неправда” и т.н.). За Вас прекрасни луѓе што ја сакате музиката, во блискиот период од годинава, ќе Ви подарам нови изненадувања. Да сте ми здрави, романтични и енергични, им порача Џафер.