сабота, декември 21, 2024
домаЖивотМИЛЧО ДУЛИ: Со “СФЕРА“ годишно се едуцираат до 300 млади луѓе!

МИЛЧО ДУЛИ: Со “СФЕРА“ годишно се едуцираат до 300 млади луѓе!

Во сферата на унапредување на знаењата на младите генерации во Битола, и пошироко, Вашата организација Сфера- Битола, како и Вашето лично залагање игра голема улога. Да не познаете, накусо, со Вашите ангажмани и резултати

-Како Претседател и еден од основачите на СФЕРА Македонија, која многу им помогнала на младите од Битола и регионот му посветувам голем дел од моето време. Се залагав од почетокот од самото формирање па се до овој момент. Од денот кога се оформи во услови на промени и мое развивање, заедно со организацијата и јас пораснав но и таа го доби реномето кое го има денес во Општина Битола и регионот. Во текот на овие 10 години од постоењето имаше многу падови, многу успеси кои јас не се откажав во ниеден момент од функционирањето и знаев дека може да направи промени во опшеството особено кај младите генерации како наша целна група. СФЕРА во своето постоење е два пати наградувана организација за Најпопуларна и Најуспешна организација во Регионот во 2013 како и 2017 година.

Како дојдовте на идеја за формирање на оваа организација? Колку долго постоите?

Идеата произлезе од еден проект, ова е приказна која на сите им ја раскажувам, а многумина и не веруваат. Бев 17 годишен ученик кога се вклучив во светот на проектите за општествено добро. Средно училиште, гимназија имавме предмет „Граѓанска Култура“, мислам дека овај предмет веќе не се изучува. Професорот неоднесе во една локална невладина организација НВО Група„Феликс“ која во тој момент беше многу успешна организација вополето на образование на Ромите во Македонија како и првиотуличен весник во Македонија. Ние петмина другари се вклучивме напроект кој беше за поткревање на свеста од семејното насилство папотоа на друг проект за дискриминација и социјална вклученост. Организација виде дека има потенцијал во нас и не покани на проектво Шведска каде се запознавме со членови од Крал Густав ПеттиКралската Фондација која виде ентузијасти во нас и ни понуди дарегистрираме организација со нашата идеа за Заштита и превенцијаод Пожари кое прво име на организацијата беше МладиПожарникари Волонтери СФЕРА, па потоа во развојот наорганизацијата настанаа промени на име и цели. Ние ја прифативмеидеата за наша организација и за нивна поддршка од три години занашето работење исто така локална поддршка од НВО Група„Феликс“ кои ни дадоа канцеларија и сите ресурси за почетноработење на истата. Од тој момент почнав да работам со залагањена граѓанските иницијативи и цели но сепак целата ни беше кревањена свеста кај најмладите или кај моите врсници и колеги.

Кои се досега главните програми кои ги имате спроведено и успешно остварено кај нас?

СФЕРА во текот на своето работење оствари голем број на програми во регионот и пошироко. Дел од овие програми се на почетокот курс за волонтери пожарникари кој траеше 90 часа и се здобиваа со сертификат за волонтер пожарникар, Прв курс за жени волонтери пожарникари во Општина Битола, Обука за превенција од природни катастрофи, Обука за Промени во општеството, Обуки за младински развој, Обуки за пишување на проекти, Обуки за самовработување се дел од нашите активности спроведени. Програми кои направиле промена можеме да се пофалиме со наша вклученост во Законот за млади, Стратегија за млади на Општина Битола, Стратегија за вклучување на младите во општествениот живот, Нацрт за подобро контролирање на отпадот во образованието.

 Имате ли прецизна бројка, колку млади преку ваш нашле пат до своја поголема едукација?

Од почеткот на нашето вклучување во Европски проекти, програмата Млади во Акција и Ерасмус + СФЕРА им пратено многу млади кои имале шанса да се запознаат со вредностите на ЕУ како и да се образоваат, стекнат знаења, искуства, вештини и компетенции на некоја тема која тие ја имаат одбрано. Секоја година имаме бројка од 280-350 млади од Република Македонија која ги испраќаме на тие обуки, семинари, размени како дел од делегација од нашата организација и се разбира презентирајќи ја Македонија во најдобар начин. Исто така соработуваме во програмата Европски Волонтерски Сервис каде што испраќаме млади од 2-12 месеци на волонтирање во некоја од Европските држави кои за жал само мал дел од младите се враќаат назад послем тој долг период да го пренесат знаењето кај нас. Тимот на СФЕРА Македонија се промени во текот на овие 10 години многу пати и тоа поради овие младински можности кои ги нудиме за едукација или волонтирање во странство, заминале и останале за подобри услови кои ги нудат некое западни земји.

Често пати организирате едукативни курсеви од разни области, а во последно време од областа на лингвистиката. Како поминуваат тие ?

Да, организираме разни обуки, работилници, дебати, јазични курсеви и друг вид на настани кои на младите од Битола им се потребни, се разбира прво слушаме што тие сакаат, што им недостига и потоа правиме напори за тоа да го имаме и тука и им го дадеме тотално бесплатно покриено од некој ЕУ проект. Јазичните курсеви им се омилени, особено дека предавачите се токму од таа држава од каде се учи јазикот, пример од Португалија за португалски итн. Затоа ги сакаат, да запознаат некои млади на нивна годишна возраст, да видат како размислуваат, да научат нешто ново за нивите култури и нормално да научат барем дел од јазикот на таа држава. Исто така организираме интеркултурни вечери каде истите тие држави презентираат дел од нивната традиција, храна и музика на вечер исполнета со млади кои се заинтересирани да ги продлабочат нивните знаења. На тие вечери не само што се презентира цела таа нова култура за младите од Битола туку и се прави дегустација на храна или донесена или зготвена баш традиционално за младите да уживаат во една поинаква вечер. П.С. Вечерта помина прекрасно сите уживаа во шпанскиот омлет, сангрија и добра музика

 Учеството во еколошки акции, не ве одминува. Тоа е важно во овој период, коа не труе нездравата околина. Превземате ли нешто повеќе за запознавање на граѓаните со важноста од познавања од екологијата?

Да, како организација која се залагаме за вклучување на младите во подобар свет особено поздрава природа, екологија, исхрана како и спорт ако дел од сите тие, правиме акции со промотивен материјал за запознавање на околината што е тоа што не загадува и како да го превенираме. Специјалност ни се работилниците кои ги организираме во основните училишта во општина Битола за рециклирање, тоа е еден метод на користење на рециклирани материјали во рачна изработка на предмети кои можат да се користат повторно од нас, тоа вие ниво 2 на рециклирањето кое само се преработува материјалот и се користи наново за изработка на некои производ. Исто така организираме многу акции за расчистување на парковите во централното градско подрачје кои за жал Битолчани ги гледаат како голема канта за ѓубре а не парк каде што може да одморат и играат нивните деца. Да не заборава и повремено организираме тури за планинарење на младите кои сме вчудоневидени од многуте млади заинтересирани за една поинаква прошетка во природа со на крај дебата на тема екологија. Како организација сме должни да даваме насоки на сите граѓани како да не ја загадуваат околината околу себе затоа што и таа враќа кон нас.

Дали младите кај нас доволно се информирани со начинот како да стапат во контакт со организации за размена на студенти, па и повозрасни?

-Па во овие 10 години гледаме голема промена во информираноста и залагањето на организациите за нудење на младински можности па и за други возрасни граници. Пред 5-6 години имавме проблем да најдеме млади заинтересирани за некој семинат или проект каде што ЕУ плаќа се, пат, храна, хотел сам да учествуваат младите и научат нешто ново, тс да им ги отвори вратите на младите. Сега младите се позаинтересирани и информирани што се случва, каде и кога. Сепак социјалните медиуми многу го променија животот на младите но се разбира и за нас ни помогнаја за наша професионална промоција и стапување во контакт со младите, еден вид matching. Баш сме среќни кога гледаме дека доаѓаат на сите тие програми кои ги нудиме како организаија и на некои програми бараме и поголем простор затоа што имам стварно голема заинтересираност, благодарност на Црвен Крст- Битола кои ни го остапуваат просторот да правиме обуки и презентации и со 40 млади од Битола. Во повозрасните групи можам да кажам дека нема баш голема заинтересираност и информираност поради многу причини како незнаење на англиски, немање доволно време за посета на овие обуки или недоволна информираност со нивне невклучување во социјалните мрежи. Сепка во нашите проекти имаме вклученост на 15% од вкупниот број на посетители од тие возрасни групи кои е променето исто така во нагорна граница од пред 4-5 години каде што имавме помалку од 5%.

И самиот често патувате, на разни дестинации. Која од нив, би ја издвоиле како свое највисока точка на едукативно воздигнување? Инаку, што сте по професија?

Ух, ова ми е едно од најтешките прашања, иако редовно поставувано од сите мои пријатели или познаници кои знаат дека многу патувам дали со работата или приватно. Во топ 3 дестинации со највисок едукативен развој ќе ги спомнам Шведска, Данска и Англија кои ми омилени не само на тоа поле но како пример за добро развиено опшество и добро развиен интелектуален народ кои придонесуваат за да функционира цел тој систем.

Верувам ги имате определено своите приоритети за оваа година: Што ќе им понудите на младите Битолчани, како можност и опција за претстојните сезони?

Да веќе ги завршивме сите подготовки и веќе почнавме со спроведување на некој програми за млади кои ќе може да уживаат во различноста. Оваа година планираме да се посветиме тотално на младите и нивниот развој особено во делот на здрав живот. Затоа почнуваме со обуки за развој на вештини и компетенции, здрава исхрана со готвење во живо, спорт и рекреација како дел од здрав животен стил, јазични курсеви, арт настани со цртање како психолошки метод на мотивација, курс по фотографија, курс за студии по екологија, се дел од нашите локални проекти, се разбира да не ги заборавиме и многуте интернационални проекти во Европа и волонтирања на подолг период. Се што треба младите да направат е да не посетат онлине или во нашите канцеларии за повеќе инфо.

И на крај, дали освен едукација нудите и можности за заработка?

Па да имаме проекти каде што вклучуваме експерти, предавачи или на друг начин луѓе од сите возрасти кои се потребни за поголема успешност на проектот на кој работиме во тој момент. Така што, во текот на годината имаме вклучување на надворешни лица кои заработуваат хонорар за вклучување и нивен интелектуален придонес кон проектот и организација. Благодарам за интервјуто, ми беше задоволство и се надевам ќе имаме позитивен импакт на младите за поголемa вклученост во граѓанскиот сектор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ