понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаМинистерството за здравство соопшти дека само еднаш во денот ќе споделува информации

Министерството за здравство соопшти дека само еднаш во денот ќе споделува информации

Министерството за здравство својата страна објави соопштение во кое информира дека заради растот на бројот на случаи на Ковид19, од денес Министерството за здравство еднаш дневно ќе информира за точните статистики и бројки на заболени лица од Ковид19.  Ќе информираат за состојбата до 12 часот и таа бројка ќе се однесува на претходните 24 часа.

„Досега ова го правевме два до три пати во денот, но откако имаме локалана трансмисија и почнуваат да се вршат тестирања на повеќе локации, собирањето на точните бројки и статистики бара повеќе време. Ве молиме за разбирање и почитување на овој распоред“ – се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Во соопштението на Минситерството се велид дека заради локалната трансмисија и појава на изолирани случаи настрана од кластери на пациенти кои се во ко-релација во Скопје и Дебар, а веројатно истото ќе се случи и на други локации, нема да бидат во можност за сите слуачеви да споделуваат информации од епидемиолошката анкета, како што тоа го правеа досега.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ