четврток, декември 26, 2024
домаЖивотМироносно цвеќе за секое новороденче за Божиќ од Цветин

Мироносно цвеќе за секое новороденче за Божиќ од Цветин

Во организација на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции “Гороцвет”, по повод Божиќните празници, веќе традиционално, македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин им подарува “Мироносни цвеќиња” на сите новороденчиња кои доаѓаат “како цвет на овој свет” во деновите 7,8 и 9 јануари.

Годините наназад, Цветин своите цветни подароци ги даруваше во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар, како и преку Специјалната болница за гинекологија и акушерство “Мајка Тереза” во Скопје.

Годинава тој ќе подари над 60 свои мироносни Божиќни цвеќиња за сите новороденчиња во Специјалната болница за гинекологија и акушерство “Мајка Тереза”, што ќе се родат на Божиќ. Раѓањето на Исус Христос симболично е преку раѓањето на дечињата кои носат радост и љубов на луѓето, вели Цветин.

Поповски, своите подароци ќе ги врачи на мајките за нивните деца на 8 јануари  2018 година во 11 часот во СБГА “Мајка Тереза”, Чаир, Скопје, Важно е да се спомене дека Живко Поповски – Цветин во 2003 година имаше изложба “Цвеќе на радоста, љубовта”, а неколкупати потоа исто така подари свои мироносни цвеќиња во оваа специјална болница.

Во една прилика, Отец Стефан Санџаковски, покрај другото ќе напише: Маестро Поповски се интересира пред сй за она што е вечно во минливите облици на животот. Заради тоа, статичните белези на неговото сликарство се привидни. Зад него се крие еден динамизам чија природа е внатрешна. Очебиен е напорот на Маестро Поповски да ги врамнотежи духот и материјата, вечното и минливото, Бога и човекот, природата и метафизичкото.

Инаку познатиот македонски кандидат-Нобеловец за мир,  Живко А. Поповски ја негува згусната убавина на историјата на светот, во цветот. таа убавина е проникната од Вечната убавина, за која Достоевски бесомнежно сведочеше, дека “ќе го спаси светот”. Оттаму и сликарството на маестро Живко Поповски е иконообразно по мерата од трагањето по изгубеното рамновесие.

-Раѓањето на децата јас го поврзувам со Раѓањето на Исус Христос. Утре од мене ќе добијат слика сите деца без оглед на верата на родителите и без никаква дискриминација по било кој основа, најави уметникот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ