петок, декември 27, 2024
домаЖивотМлади ентузијасти учеа глума кај Ема

Млади ентузијасти учеа глума кај Ема

Валентина Ѓоргиевска Парго

Во „Јавна соба“ на 7 февруари, се одржа работилница под наслов „Бујрум“, во која млади ентузијасти учеа глума. Работилницата беше предводена од Ема Гушева која учела театарска импровизација во Канада и Велика Британија.

Импровизација е нешто заборавено во детството. Игрите кои ги игравме и начинот на кој ја изразувавме нашата креативност беа спонтани и ни овозможуваа да бидеме присутни тука, сега, а не во некој далечен свет во нашите глави. На оваа работилница младите Скопјани кои присуствуваа, повторно се вратија во детството, играа и правеа разни вежби за театарска импровизација.

-Истите тие игри ќе ни помогнат да помогнат да бидеме подобри лидери, граѓани, работници и љубовници, бидејќи, верувале или не, сите тие домени од животот се импровизирани, вели Ема.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ