Модерно родителство: Моќта на приказните за деца – колку е важна и како да ја користиме?

0
81

Раскажувањето приказни за деца е вештина која се учи. Не само што ќе се поврзете со вашето дете, туку ќе му помогнете да ја развие емоционалната интелигенција.

Раскажувањето е клучен дел од она што нè прави луѓе.

Во историјата, раскажувањето и прераскажувањето приказни беше една од важните воспитни методи.

Сепак, денес, тоа не е алатка која родителите често ја користат кога разговараат со своите деца, што е жално, бидејќи раскажувањето е моќен начин преку кој можеме да пренесеме вредности, да сочувствуваме со нашите деца, да им покажеме поддршка и да се забавуваме.

Раскажувањето функционира без разлика дали вашето дете е мало и штотуку го учи звукот на вашиот глас или е тврдокорен тинејџер кој најголемиот дел од времето го поминува обидувајќи се да ве игнорира.

Раскажувањето е суштински дел од нашиот живот и нуди цела низа предности кои недостасуваат во другите облици на комуникација.

Тоа е сигурно еден од начините преку кои можете да го подучувате вашето дете на вистинските животни вредности.

Како што знае секој родител кој се обидел да држи предавање, децата често ја игнорираат пораката.

Приказните се неверојатен начин за пренесување на вредности без детето да помисли дека тоа се досадни родителски проповеди.

Семејните приказни се особено ефикасни, покажувајќи им на децата како нивните роднини напредувале во добри времиња и истрајале и покрај тешките моменти.

Истражувањата покажуваат дека децата кои добро ја разбираат приказната на своето семејство имаат поголема веројатност да бидат емоционално отпорни. Тие можат да ги прифатат психолошките алатки од овие приказни за да ги пребродат предизвикувачките ситуации.

Дури и наједноставните приказни можат да ги научат децата што да прават во одредена ситуација.

За малите деца се препорачува раскажување јасни приказни кои пренесуваат вредности преку „споредната врата“ на детскиот ум. Како што децата растат, можете да ја градите приказната на вештини за раскажување, обидувајќи се да користите покомплексни структури на раскажување кои вклучуваат иронија, дилеми, интриги и драма…

Приказните можат да ги научат децата на прифаќање, помагајќи им да се поврзат со луѓе кои се многу различни од нив.

Подготви: С.Н.