четврток, декември 26, 2024
домаМомче пукаше во наставник во БиХ: Ситуацијата е критична, момчето е уапсено!

Момче пукаше во наставник во БиХ: Ситуацијата е критична, момчето е уапсено!

Малолетник ученик пукал во основното училиште „Лукавац град“ во Лукавац во Босна и Херцеговина и тешко ранил наставник, јавува сараевскиот портал „Кликс“. Престрелката се случила утринава околу девет часот во основното училиште „Лукавац град“ во Лукавац, град на североистокот на Босна и Херцеговина.

Малолетниот ученик пукал и тешко го ранил наставникот по англиски јазик Н.О., кој со повреда на вратот бил хоспитализиран во УЗ Тузла, јавува сараевскиот портал Кликс.

Градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ, соопшти дека во престрелката нема повредени деца и дека малолетниот напаѓач веднаш бил уапсен. Тој бил приведен во полициска станица, а полицијата го пронашла оружјето од кое пукал.

Порталот Кликс јавува дека напаѓачот е поранешен ученик на Г.М.(2008) кој поради лошо однесување бил префрлен од едно во друго училиште. Наводно утрово дошол вооружен во училиште, го побарал учителот, пукал и го погодил во пределот на вратот.

Полицијата се уште не соопштува детали за престрелката и прибира оперативни информации на терен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ