Легендарниот трип хоп бенд „Морчиба“ ќе настапи на 22 јуни, како хедлајнер на вториот фестивалски ден, викендот помеѓу настапите на Аксвел & Ингросо и „Тексас“ и Дарко Рундек, најави „Авалон продукција“.
„Морчиба“ за прв пат доаѓаат во Скопје на голема сцена, да ги испорачаат сите свои големи песни од претходните албуми, како и песните од новиот албум „Blaze Away“ кој треба да излезе во продажба од 1 јуни.
„Морчиба“ од своето постоење од 1995 година има продадено повеќе од 10 милиони промероци од своите албуми, а познати се и по глобалните хитови како „Enjoy the ride“, „Rome wasn’t built in a day“, „Triger Hippie“…
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од оваа среда преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ низ цела Македонија и онлајн по цени од 1000 ден – ПАРТЕР и 1500 ден – ФАН ПИТ.