среда, ноември 20, 2024
домаЖивотСоцијална политикаМрежите на Локални Акциони Групи од Македонија и Србија го одбележаа Меѓународниот...

Мрежите на Локални Акциони Групи од Македонија и Србија го одбележаа Меѓународниот ден на руралната жена

ЛАГ АГРО ЛИДЕР во партнерство со Мрежата на ЛАГови, и Мрежата на Локални Акциони Групи на Република Србија се приклучуваат на глобалното движење за зајакнување на руралните жени – како претпримачки и лидери, со одбележување на Меѓународниот ден на руралните жени, 15ти Октомври преку онлајн настан “Руралните жени – предизвици, права и можности”.

Жените-земјоделки сочинуваат 43% од работна сила во земјоделството ширум светот, а во некои делови на светот, и околу 70 %. Тие се на фронталната линија во борбата со климатските промени, управувајќи со природните ресурси за да можат да ги хранат своите семејства и заедници.

Родовата еднаквост и програмите за пристап до права, и економско јакнење на руралните жени се втемелени во политиките на ЕУ, во кои се истакнуваат иницијативи за траен и сеопфатен развој на руралните средини преку потенцијалот и перспективата на руралните жени.-г-н Харалд Фугер, Аташе на Федералното Австриско Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Република Австрија во Република С. Македонија.

“Жените во руралните средини во Република Србија се соочуваат со бројни предизвици во поглед на поседување на имот, односно 88% не поседуваат куќа/стан, 84% не поседуваат земја, 74%се неплатени семејни работници, околу 12% од жените на село немаат здравствено осигурување, а 60% не се вклучени во системот на пензиско осигурување.

Заклучоците од спорведените истражувања за положбата на жените на село, покажуваат дека главни препреки за формално вработување на жените на село се: малите можности за пронаоѓање на работа надвор од земјоделството, непостоење на детски градинки, недостаток на информации за слободни работни места, а и дискреминација поради неспремност на работодавачите да вработуваат жени кои воедно се и родители.” – Јагода Кочиќ, Мрежа на Локални Акциони Групи на Република Србија

Во нашата држава жените во руралните средини се соочуваат со НЕпристап до јавна, социјална и медицинска инфраструктура како резултат на демографските промени, како и неможност за остварување на права од законската регулатива зошто најголем дел односно 47% од руралните жени се дел од неформалната економија. 38% од жените во руралните средини немаат сопствени приходи, поседуваат помалку од 20% од земјиштето, 64% немаат пензиско осигурување и сопствено здравствено осигурување, и жените во руралните средини за исти работни активности заработуваат 33% помалку од мажите.

Истражувањата спроведени во руралните средини ги потврдуваат заклучоците, дека современиот начин на живеење и дигитализацијата, дополнително го продлабочи “родовиот јаз”, како и диспаритетот помеѓу урбаните и руралните заедници и постоечките структурни, економски, социјални и технолошки нееднаквости на руралните жени

Во многу земји во светот, и кај нас политиките се насочени кон Постигнување на родова еднаквост и зајакнување на жените, преку поддршка на руралните жени во борбата против екстремната сиромаштија, гладот и климатските промени и исполнување на Агендата за одржлив развој, а особено Целите за одржлив развој 1 – свет без сиромаштија и  Цел за одржлив развој 5 – Родова еднаквост.

За да се постогнат Целите за одржлив развој се имплементираат политики и програми кои се родово-сензитивни и кои се фокусирани на специфичните потреби на руралните жени.

ЕУ ЛИДЕР програмата која од 1991 година се спроведува во земјите на ЕУ, е насочена кон одржлив развој на руралните заедници преку активно вклучување на жените во процесите на креирање на стратегии за развој предводен од заедницата и донесување на одлуки за поддршка на иницијативи за социјална правда и благосостојба, економски развој и претприемништво, и лидерство на жените од руралните средини. Во нашите држави направени се исчекори кон воведување на ЛИДЕР програмата, но неопходно е политичките интервенции да се насочат кон забрзување на спроведувањето на ЛИДЕР програмата и поддршка на Локалните Акциони Групи за да се овозможи активно вклучување на руралните жени, намалување на “родовиот јаз” и одржлив социо-економски развој на локалните заедници.

-Марина Тошеска, Мрежа на ЛАГОВИ:

“Преку денешниот настан, Мрежите на Локални Акциони Групи од двете држави како и ЛАГ АГРО ЛИДЕР, ЛАГ СРЦЕ БАЧКА КУЛА, и многу други локални акциони групи од двете земји ги презентираа предизвиците и ги прославија достигнувањата на жените од руралните средини, со поддршка на ЛИДЕР програмата и активното делување на Локалните Акциони Групи.”

Овој настан е почеток на соработка помеѓу ЛИДЕР организациите од двете држави со цел заедно да ја подигнеме свеста за еднаквост и заштита од дискриминација на жените од руралните средини, да делуваме за подобрување на квалитетот на живот на жените во руралните средини преку пристап до социјални права и услуги, пристојна работа и економски развој, и да заедно лобираме за постигнување на родова еднаквост и поддршка на жените од руралните средини кои се есенцијални двигатели на одржливиот развој.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ