понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотСоцијална политикаМТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека спроведувањето и почитувањето на општите и посебни мерки и протоколи за заштита од КОВИД- 19 во предучилишните установи престануваат да важат. ​

Одлуката на МТСП за укинување на рестриктивните мерки во градинките доаѓа откако Владата на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ