сабота, јули 27, 2024
домаМузејот на Македонија на изложба...

Музејот на Македонија на изложба во Италија

Музејот   на   Македонија   ќе  учествува   на   изложбата   „Жени,   мајки   и     божици: универзални јазици и предисториска уметност“, што се реализира во Удине, Италија.

Изложбата е во организација на Градските музеи на Удине  во  соработка со  Универзитетите во Сиена   и   Фиренца   и   ќе   биде   отворена   од   овој   месец (ноември 2017)   до   февруари   2018   година.

Музејот   на Македонија учествува на изложбата со комерцијални копии на предисториски фигурини, садови и модели што ќе бидат пристапни за лицата со посебни потреби и на тој начин за првпат ќе можат да ги допрат и доживеат овие предмети, и воедно да се запознаат со нивниот изглед.

На тој начин,  преку   овој   сегмент   од   изложбата   ќе   се   овозможи   тактилна   интеракција   меѓу   посетителите   и културното наследство, што ретко се применува во музеите. Овој интерактивен отсек е само еден    дел   од   поголема   изложба   на   којашто   се   претставени   палеолитски,   неолитски   и   енеолитски фигурини од Италија, Германија, Словенија, Србија, Романија, Украина и други земји.

Во рамките на   овој   настан,   во   кого   се   вклучени   петнаесетина   европски   институции,   се   одржуваат и две конференции на коишто се презентираат идеите за поголема пристапност и отвореност на музеите кон поширока публика, вклучувајки ги и лицата со посебни потреби. Активноста е реализирана на иницијатива на д-р Гоце Наумов вработен во Музеј на Македонија.

IZLAOZBA

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ