На 72 години почина Бора Ѓорѓевиќ

0
66

Легендарниот рок музичар и фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, почина денес, 4-ти септември, на 72-годишна возраст.

Бора почина во болница во Љубљана, каде што беше хоспитализиран поради сериозни проблеми со белите дробови.

Официјалната страница на групата „Рибља чорба“ ја објави тажната вест: „Почитувани пријатели, со тага и жал ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борислав Бора Ѓорѓевиќ, нè напушти. Почивај во мир, драги наш Боки.”

Бора се појави во јавноста за последен пат на 1-ви јули, кога го одржа својот последен концерт.

Борислав Бора Ѓорѓевиќ, познат како Бора Чорба, беше српски писател, поет, актер и рок музичар, како и фронтмен на групата „Рибља чорба“. Роден е на 1-ви ноември 1952 година во Чачак. Музичката кариера ја започна уште на 13-годишна возраст и со групата „Рибља чорба“ создаде повеќе од дваесет студиски албуми и безброј хитови кои оставија длабока трага на рок сцената на Балканот.

Неговото музичко наследство ќе остане запаметено, а неговите песни и понатаму ќе живеат во срцата на многу генерации.

С. Н.