среда, ноември 20, 2024
домаЖивотНа COP27 за првпат ќе се разговара за загубите и компензациите

На COP27 за првпат ќе се разговара за загубите и компензациите

Од нашиот специјален известувач од COP27,Шарм eл Шеик, НАТАША ДОКОВСКА

Повеќе од сто светски лидери ќе се сретнат утре, во понеделник на 7 ноември во Египет, во реномираното туристичко место Шарм ел Шеик, каде оваа година се одржува Самитот за климатски промени – COP27. Самит како самит, се простира на огромна површина, на две посебено означени и обезбедни зони – сина и зелена зона и во понеколку павиљони во кои наредните 14 дена ќе се крои новата судбина поврзана со борбата против климатските промени. Она што е ново, од досегашните COPa, е што за прв пат во историјата, формално ќе се разговара за табу-прашањето за плаќање компензација на ранливите земји за непоправливата штета предизвикана од климатскиот дефект. Но, да видиме што ќе се случи до крај на Самитот?!
Со години наназад, а особено по Парискиот самит, ранливите нации, кои поради состојабта во која се наоѓаат емитираат најмалку, а се најмногу погодени, со години го поставуваат прашањето за компензација. Но, богатите земји, пред се Индија и Кина кои се најголеми загадувачи, се спротивставуваат на тоа од страв да не се изложат на бескрајна одговорност.
На состанокот на претседатели овде веќе пристигнуваат голем дел од светските лидери кои во текот на наредните два дена ќе се обидат да дадат свој придонес во борбата со ефектите од климатските промени. Македонската делегација е предводена од министерот за животна средина и просторно планирање, кој одлично ја пртставува земјата, но присуство на повисоко ниво нема да има иако неофицијално се говореше дека и претседателот и премиерот се подготвуваат за COP. Во однос на другите делегации најголемо внимание предизвикува најавеното присуство на американскиот претседател Џо Бајден и тоа токму во моментот кога САД се подготвуваат да гласаат на изборите во вторник, што значи дека американските политичари се повеќе фокусирани на домашните прашања. САД најавија дека претседателот Џо Бајден доаѓа во Египет дури и неколку дена подоцна од многу негови колеги, а останува само неколку часа, односно на пат за Г20 кој треба да се одржи на Бали.
Шефот на Обединетите нации (ОН) за климата, Сајмон Стил, ден пред официјалниот почеток на Самитот, во неделата, рече дека верува дека ќе има доволно лидери на самитот кој ќе му дадат легитимитет.
Инаку овде, во Шарм ел Шеик се е сведено на настанот кој наредниве 14 дена ќе се одржува тука, на брегот на Црвеното Море. Полициски сили се распоредени насекаде низ градот, а паувањето од една до друга провинција е строго контролирана. Контролирано е и движењето на гостите, нивните објави на социјалните мрежи, како и подготовките за најавените демонстрации од страна на граѓанските организации кои тука ги има во голем број. Според официјалните предупредувања секаков вид на демонстрации надвор од зоните во кои се одржува Самитот ќе бидат брутално спречени.
Она што овде ќе се случува во наредните 14 дена, според аналитичарите, ќе биде повеќе размена на идеи и најава за она што ќе биде ако биде, или со други зборови не се очекува да се донесат конкретни одлуки.
За време на првиот ден од Самитот, кога патем се забранети секакви други настани, особено оние на граѓанските организации, пријавени се 50 шефови на држави и влади да зборуваат за време на првиот ден од разговорите на „високо ниво“ за климатските промени.
Добрите познавачи на приликите велат дека претседателите воглавно че говорат за она што се случило, а не за она како да се спречи. Еден од најавените спикери се и пакистанскиот премиер Мухамед Шариф, во чија земја летово поплавите предизвикаа најмалку 40 милијарди штети и раселија неколку милиони луѓе.
Како и да и на овој Самит главни теми ќе бидат како да се намали емисијата на штетни гасови, како да се изгради отпорност и прилагодување на неизбежните последици од климатските промени и за исполнување на ветената финансиска поддршка за борба против климатските промени.
COP се одржува од 1992 година, кога Обединетите нации го организираа првиот самит за Земјата во Рио де Жанеиро, на кој беше усвоена Рамковната конвенција (UNFCCC) и беше формиран Секретаријатот на ОН за климатски промени. Конвенција со која државите се обврзаа да ја „стабилизираат“ концентрацијата на штетните гасови во атмосферата, досега ја имаат потпишано 197 учесници на конференцијата. Позначајна конференција во изминатиот период беше Самитот во Париз, каде земјите од светот се договорија да направат дополнителни напори за да спречат зголемување на глобалната температура за повеќе од 1,5 степен во однос на температурата од прединдустрискиот период и да издвојат повеќе за борба против климатските промени.
Од 1994 година, климатските самити на COP се одржуваат редовно секоја година, на кои се собираат потписниците на конвенцијата (Конференција на страните), односно речиси сите земји во светот.
Македонската делегација беше предводена од министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, а од НВО во првата недела од Самитот беа присутни претставници од Новинари за човекови права и Скриениот херој во секое дете.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ