Туроператори очекуваат државите да се договорат за здравствените процедури по пандемијата. Здравствениот пасош е еден од начините за безбедно влегување во Грција, кој може да се воведе во текот на туристичката сезона, пишуваат грчките весници. Туристите ќе треба да бидат тестирани за КОВИД-19 во нивните земји пред да се качат во авионот, според министерот за туризам, Харис Теохарис.
Во интервју за грчката телевизита Скај, министерот рече дека една опција е да се тестираат туристите пред да дојдат во Грција, а што ќе го докажар со приложување на „здравствениот пасош“.
Теохарис призна дека ги повика ЕУ и ЕК да одржат паневропски дијалог и да се договорат за изготвување на релевантните протоколи.
„Ако сите се согласиме, тогаш тестовите може да се прават и при влез во земјата, на аеродромите. имаме подобра методологија и помалку проблеми “, истакна министерот за туризам. Но, тој потврди дека тоа е тешко остварливо, бидејќи ситуацијата е различна на различни граници – копно, аеродроми или пристаништа, но во секој случај мора да се развие механизам.
Целта е Грција да ги „отвори своите врати за влез на нејзината територија“ бидејќи туризмот е важен дел од економијата. Првично, напорите ќе бидат насочени кон месеците јули, август и септември, а може да се продолжат до октомври на малку подолг рок.
Интересот од странство не се намали, ниту резервациите се откажуваат, рече министерот. Неговата канцеларија е во постојан контакт со големите тур-оператори за исполнување на големите хотели.
Туроператори очекуваат државите да се договорат за здравствените процедури што треба да се следат за да ги задржат гостите безбедни за нивното здравје. Во исто време, мора да се обезбеди јасна временска рамка за да се објави одреден датум за отворање на сезонските хотели, објасни Теохарис.
Туризмот е „многу комплицирано прашање“ што треба да се реши, рече и владиниот портпарол Стелиос Пекас на денешниот редовен брифинг. Тој откри дека прашањата за отворањето на туристичката сезона се дел од плановите на владата за постепено обновување на нормалниот живот во земјата, а мерките во таа насока ќе ги објави следната недела премиерот Киријакос Мицотакис. Според информациите од Грција, рампите на границите ќе бидат дигнати на 15 мај, а оттогаш се очекуваат и олеснувања во органичувањата за движење.
Студијата на Институтот на грчката Конфедерација за туризам, под наслов „ПАНДИМ-19 пандемиски и грчки туризам“, предвидува дека загубите на приходите ќе бидат големи во 2020 година, со оглед на кварталната распределба на приходите (4 проценти во првиот квартал, 26 вториот квартал, 59% во третиот квартал и 11% во четвртиот квартал) и фактот дека вториот квартал е веќе изгубен, а за третиот не веруваат дека ќе биде остварен ни 30 отсто од предвиденото.
Н. Д.