вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотНа Ресен не му треба карантин, заразените се од еден кластер, тврди...

На Ресен не му треба карантин, заразените се од еден кластер, тврди Филипче

Денешната одлука за затворање на индустриските капацитети во Ресен говори за одговорниот однос на локалната самоуправа, но дали е тоа доволно прашуваат рсенчани. Жителите на Преспа кои до 10 јуни немаа ниту еден позитивно регистриран на корона вирусот, за да за само во последниве 4 дена, по прво регистрираниот таа бројка да порасне на 20 заразени и еден починат. Ресенчани кои последни ја почуствуваа силината на вирусот стравуваат дека само затворањето на компаниите не е доволно и бараат карантин за градот, по примерот на Дебар.

Но, министерот за здравство, Венко Филипче одговори дека не е предвиден карантин за Ресен, бидејќи се превземени соодветни мерки за заштита од трансмисија на вирусот со затворање на индустриските капацитети. Тој исто така кажа дека во Ресен има еден кластер и сите регистрирани доаѓаат од тој кластер. За разлика од него граѓаните на Ресен тврдат дека заболените не потекнуваат од ист кластер, особено не заболениот бербер, како и семејството од каде е регистриран првиот починат.

Н.Д.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ