недела, декември 22, 2024
домаЖивотСоцијална политикаНа вистинскиот маж не му треба оружје...

На вистинскиот маж не му треба оружје…

Денеска, под мотото „На вистинскиот маж нему треба оружје…“ НВО – Новинари за човекови права денеска, ќе го одбележи последниот ден од акцијата 16 Дена активизам против родово базирано насилство.

НЧП како организација која со години наназад се бори против употребата на мало и лесно оружје од страна на цивили, така и оваа година акцентот го става на вооруженото насилство. Според податоците до кои дошле малото оружје се користи за приближно 1/3 од сите убиства на жени и девојки. Подаоците покажуваат дека жените и девојчињата се примарни жртви на родово базирано и сексуално насилство, стапката на смрт на жени од огнено оружје е непропорционална на (пониска од) нивниот удел во популацијата, и е непропорционална на (повисока од) степенот до кој тие се сопственици и корисници на мало оружје.

Податоците од Македонија покажуваат дека во првата половина од 2017 година сме имале 58% од родовото базирано насилство со физичи повреди, а во 39% станува збор за насилство во кое е употребено ладно оружје, регистрирано е едно убиство на жена и два обиди за убиство. И понатаму интимниот партнер е извршувач на ансилството, па така во 161 реистриран случај насилникот е сопругот или интимниот партнер, во 84случаи синот, а во 21 случај како насилник се јавува таткото.

Истражувањето на меѓународната организација IANSA, чиј член е НЧП покажува дека жените е поверојатно да бидат жртви на вооружено насилство, обично од рацете на мажите, отколку самиот сторител. Жените жртви на фемицид често претходно пријавиле дека им се заканувале со мало оружје нивните машки партнери.

На глобално ниво, помеѓу 40% и 70% од женските жртви на убиства ги убил интимен партнер или член на семејството. Во земјите со највисоки стапки на фемицид, повеќе од половина убиства на жени и девојки се извршени со мало оружје. И за време и по вооружен конфликт, жените и девојките се изложени на многу форми на родово базирано насилство како директни и индиректни последици од злоупотребата на мало и лесно оружје. По конфликт, жените може да ги доживеат трајните ефекти од малото оружје врз општеството, бидејќи тие не сакаат да се вратат дома, поради тековното насилство и постоечкото оружје меѓу популацијата.

Од друга страна, пак, податоците говорат дека повеќето од светски проценети 875 милиони мало оружје се во рацете на мажи. Повеќето сторители на насилство со мало оружје се мажи. Маргинализираните млади мажи често го сметаат насилството како начин да достигнат позиции со социјален и економски статус и да вршат контрола над нивните заедници. Од IANSA информираат дека повеќе од 84% од луѓето кои секојдневно насилно умираат во светот се мажи, а младите мажи (15-29) се особено ранливи и се примарни жртви на насилство воопшто.

Поврзувањето на машкоста со поседување на мало оружје и насилно однесување е општествено изградено. Решавањето на проблемот со насилната мажественост бара редефинирање на тоа што значи да се биде маж – давање значење за машкоста што не вклучува агресија или насилство. Машките војници и полицајци кои страдаат од пост-трауматски стрес е многу поверојатно да користат психолошка и физичка агресија против нивните интимни партнери.

Целите за одржлив развој (ЦОР) исто така ја третираат родводат еднаквост, а со самото тоа и родовото базирано насилство.  ЦОР нудат ветување за ставање крај на родово базираното насилство со Целта 5.2.во која се вели дека неопходно е елиминирање на сите форми на насилство против сите жени и девојки во јавните и приватните сфери, вклучувајќи трговија со луѓе и сексуални и други видови експлоатација.

Постигнувањето на ЦОР зависи од секој од нас. Со учество во оваа кампања може да помогнете да се постигне Целта за одржлив развој 5.2. затоа НЧП со своите подржувачи ќе покажат дека „На вистинскиот мажнему треба оружје…“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ