Националната опера и балет се приклучи со практичен придонес во борбата против светската пандемија на коронавирусот со заштитни маски произведени во шивалните на институцијата.
Националната опера и балет донираше 162 заштитни маски од свое производство за вработените во Министерството за култура, а оваа акција ќе продолжи и наредните денови.
Оттаму велат дека нивните соработници во шивалните ќе изготват уште 1000 заштитни маски кои во соработка со Кризниот штаб на Владата, ќе ги донираат за оние на кои им се најпотребни. А.Р.