понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаНајмалку осум загинати во пожар во Дом за стари лица во Барајево,...

Најмалку осум загинати во пожар во Дом за стари лица во Барајево, соседна Србија

И додека Србија се уште неможе да се опорави од трагедијата во Нови Сад, денеска стаса друга трагична вест. Најмалку осум лица загинаа, а повеќе се повредени во пожар што утрово избувна околу 4:30 часот во дом за стари лица во Велики Борк, општина Барајево, соседна Србија.

  • За жал, во пожарот загинаа осум лица. Морам да кажам дека припадниците на секторот за вонредни состојби навистина реагираа многу брзо и успеаја да спасат, односно да евакуираат, 13 лица. Сакам најпрвин да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите – изјави Немања Старовиќ, министер за труд, вработување, боречки и социјални прашања. Првичните информации беа дека во пожарот загинале две лица, но постоеше стравување дека бројот ќе биде поголем. Пожарот е изгаснат, а во неговото гаснење учествувал голем број пожарникари. Се очекува увид за да се утврди причината за пожарот.

Според пишувањата на српските медиуми се сомнева дека пожарот бил подметнат, а Управата за криминалистичка полиција работи на расветлување на случајот. Наводно, пожарот го предизвикало лице кое запалило душек во собата и тоа лице исто така загинало. Лицето кое го подметнало пожарот имало психички проблеми.

На местото на несреќата можеа да се видат застрашувачки сцени – голем број полицајци, пожарникари и лекари од Брзата помош, изгорени јоргани и душеци фрлени покрај оградата на дворот на домот.

Според д-р Иван Лековиќ, заменик-началник на ВМА, од четирите примени лица, три веднаш се примени на Клиниката за токсикологија.

  • Една жена е во критична состојба, интубирана и има изгореници на различни делови од телото – изјави д-р Лековиќ.

Во моментот на пожарот, во домот се наоѓале 30 лица, од кои осум загинаа, седум се повредени, а 13 беа евакуирани. Членови на семејствата на корисниците пристигнуваат во домот, очекувајќи вести за своите блиски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ