среда, ноември 20, 2024
домаЖивотЗдравјеНајздраво овошје на светот: Има двојно повеќе витамин Ц од лимонот, смирува...

Најздраво овошје на светот: Има двојно повеќе витамин Ц од лимонот, смирува кашлање и радикално ги чисти белите дробови!

Дуњата содржи изобилство на исклучително здрави и квалитетни состојки кои го зајакнуваат и промовираат здравјето

Дуњата содржи изобилство на витамини и се користи во народната медицина со децении. Првенствено се користи за ублажување на кашлицата и смирување на стомачните проблеми.

Самиот плод е лековит, но исто така и семето и лисјата. Дуњата може да се јаде свежа, но може да се направат сокови, компоти и сирупи кои се подеднакво ефикасни во елиминирање на многу здравствени проблеми.

Овошјето од дуња е богато со витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, дури и повеќе отколку што може да се најде во лимонот, потоа витамини Б1, Б2, ниацин, каротин, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи протеини, диетални влакна и јаглехидрати.

Најлековит дел од дуњата се семките од кои се прави чај. Кога стојат во вода, семките ослободуваат слуз што решава проблеми со кашлицата и го чисти респираторниот систем. Покрај тоа, тие содржат големи количини на амигдалин, или витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство. Семките се исто така богати со масти, танин, пектин, шеќери, емулзија и протеиди.

Благодарение на танинот и слузта, дуњите имаат корисен ефект врз работата на цревата и спречуваат заразни болести. Пектинот има корисен ефект врз крвниот систем, помага во намалување на крвниот притисок и обезбедува заштита од радиоактивно зрачење.

Сокот од дуња лечи кашлица, астма и дијареја, додека печена или варена дуња се препорачува за анемични лица, но и за третман на воспаление на слузницата на желудникот и цревата. Може да помогне и при обилна менструација.

Подготовка на сок од дуња:

Измијте и ситно изрендајте килограм дуњи, па процедете ги низ газа. Пијте го сокот веднаш бидејќи брзо оксидира. Најдобро е да го пиете пред јадење.

Подготовка на чај од дуња:

Прелејте ги со зовриена вода семките од дуња, оставете да отстои неколку минути и потоа испијте ја течноста. А.Р.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ