петок, ноември 15, 2024
домаЖивотЗдравјеНамирници кои опоравуваат бели дробови кај поранешни пушачи

Намирници кои опоравуваат бели дробови кај поранешни пушачи

Конзумирањето домати и јаболка може да помогне во опоравување на белите дробови на поранешните пушачи. Истражување покажа дека возрасните лица кои јадат два домати и повеќе од три порции јаболка дневно имаат побавен пад на функцијата на белите дробови од оние кои ретко ги конзумирале овие намирници.

Сепак, позитивниот ефект е предизвикан само од свежо овошје и зеленчук, што значи дека конзервирани и преработени видови немаат посакуван ефект. Во рамки на студијата на школата „Џонс Хопкинс Блумберг“ од 2002 година, проценуван е ефектот на исхраната врз функцијата на белите дробови кај повеќе од 650 возрасни лица, а потоа истите тестови се повторени на иста група на испитаници 10 години подоцна.

Учесниците од Германија, Норвешка и Британија ги пополнувале прашалниците за нивната исхрана и вкупниот внес на хранливи материи, како и поминување низ спирометрија – процедура со која се мери капацитетот на белите дробови да земаат кислород.

Земени се предвид возраста на испитаниците, висината, полот, индексот на телесна маса, социо-економскиот статус и физичката активност. Резултатите, објавени во Европскиот респираторен весник (European Respiratory Journal), покажаа дека поврзаноста помеѓу исхраната и функцијата на белите дробови е уште поголема кај поранешните пушачи. Се покажа дека хранливите материи што се наоѓаат во доматот и овошјето, особено во јаболката, помагаат да се опорави оштетувањето на белите дробови предизвикано од пушењето.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ