Седум лица беа повредени во Париз, од кои четворица сериозно, во напад од човек наоружан со нож и метална шипка, соопшти полицијата. Како што надуваат, се работи за Авганистанец, кој е уапсен, а нема индикации дека станува збор за терористички напад.
Неколку медиуми соопштија дека меѓу повредените се и двајца туристи од Велика Британија. Нападот се случи во неделата навечер на североисток на градот.
Извори наведоа дека мажот прво со нож нападнал двајца мажи, а потоа жена, недалеку од кино. Неколку луѓе кои биле во близина, и играле игра слична на куглање, го гаѓале напаѓачот со топки, обидувајќи се да го запрат. Го погодиле, по што побегнал. Наводно после тоа нападнал и двајца британски туристи.
– Итно го испитавме овој инцидент и во близок контакт сме со претставниците на француските власти – соопшти Министерството за надворешни работи на Велика Британија.
Извор од француската полиција вели дека нема ништо што укажува дека се работи за терористички напад.