понеделник, ноември 18, 2024
домаНасловнаНарконон Балкан: 15 години успех во борбата против дрога и алкохол

Нарконон Балкан: 15 години успех во борбата против дрога и алкохол

Валентина Ѓоргиевска Парго

Неодамна Нарконон Балкан здружение, центар за едукација, превенција и рехабилитација од зависности прослави 15 години постоење. Тоа беше голем настан, проследен со многу дипломци на Нарконон програмата од минатото кои сакаа да се заблагодарат на луѓето кои му го спасија животот, нивните фамилии и многу пријатели кои дојдоја да му дадат поддршка на оваа организација која спасува животи.

Но секоја недела има прославување во Нарконон Балкан, кога родителите, браќата, сестрите и пријателите доаѓаат да ги посетат нивните најблиски кои со Нарконон програмата ја водат најважната битка во нивните животи: Млади луѓе кои дрогата ги уништила и ги довела до непрепознатлива состојба, која ги направила лажговци, измамници, крадци и било која друга непожелна состојба која може да ја замислите.

Сега, благодарение на Нарконон програмата, овие млади луѓе го враќаат нивниот вистински карактер кој во основа е добар, а претходно попатно го имале изгубено со употребата на дроги. Ги препознаваат ужасните грешки кои ги направиле под дејство на дрога и конечно ја гледаат светлата страна од вистинскиот живот. Нивните родители исто така ја воочуваат оваа промена преку нивните очи кои сјаат со убавината на искреноста.

Како функционира програмата на Нарконон?

-Нарконон програмата рехабилитира луѓе кои конзумираат дрога, алкохол и психотропни супстанции користејки специфични методи развиени од хуманитарецот Л. Рон Хабард и не користи замена за дрога, фармацевтски агенси или ликарства во решавањето на проблемот за зависноста од дрога и алкохол.

Програмата на Нарконон е прецизен, чекор-по-чекор режим кој се занимава со сите аспекти на зависноста за да им помогне на поединци да го надминат нејзиното негативно влијание врз нив и тие околу нив.

-Нарконон верува дека зависноста не е ниту наследна ниту пак неизлечива болест која треба бескрајно да се третира. Еден зависник не е доживотен зависник. Нашата програма се состои од уникатни техники со кои им се помага на зависниците да ја надминат зависноста од дроги и алкохол и нивните штетни ефекти. Целта на програмата е единка која живее живот без дроги.

Каде се наоѓа центарот за рехабилитација?

-Центарот е сместен во селото Конопиште во близина на Кавадарци, на планина, на чист и свеж воздух, опкружен со ридови и езеро кои создаваат околина што смирува, во која нема стрес и во која лесно можете да се фокусирате на вашата рехабили­тација. За повеќе информации контактирајте го Нарконон Балкан центар за рехабилитација од дрога и алкохол на телефонскиот број: +389 75 469 466 или на официјалната интернет страна: www.narconon-balkan.org

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ