недела, декември 22, 2024
домаЖивотНаучниците имаат објаснување зошто сме зависни од чипс

Научниците имаат објаснување зошто сме зависни од чипс

Често се случува да отварите кеса чипс и одеднаш “магично” да исчезне. Научниците конечно објаснија зошто оваа закуска е толку неодолива. Тие тврдат дека причината зошто постојано ја држите раката во вреќата со чипс, не е премногу поврзана со компирот. Двете главни карактеристики на чипсовите се дека се солени и мрсни, а според многубројните студии, јадењето солена храна ја стимулира секрецијата на допамин, невротрансмитер, кој е одговорен за центарот на лимбичкиот систем кој ги регулира функциите поврзани со задоволство. Откако мозокот еднаш ќе го регистрира, тој едноставно го сака повторнп.

Анкета посветена на ова тврдење, спроведена во Австралија, ги потврди овие резултати. На испитаниците им било кажано дека од четири ручек оброци можат да јадат она што го избираат и во количините што ги сакаат. Секоја недела им се нуделе еден вид тестенини, кои само го менувале соодносот со сол и маснотии. Без оглед на маснотиите, испитаниците јаделе 11 проценти повеќе храна што била посолена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ