понеделник, декември 30, 2024
домаЖивотЖивотна срединаНаучниците предупредуваат: Човештвото се движи кон работ на пропаст

Научниците предупредуваат: Човештвото се движи кон работ на пропаст

По децении неуспеси во обидот да се забават климатските промени и сите нејзини последици, цивилизацијата стои на работ пропаст, тврди тим научници.

„Размерите на закана за биосферата и сите нејзини животни форми – вклучувајќи го и човештвото – се всушност толку големи што е тешко да ги разберат дури и добро информирани експерти“, истакнуваат истражувачите во списанието „Frontiers in Conservation Science“ (Граници во науката за зачувување).

Авторите објаснуваат дека дури и експертите, бидејќи генерално имаат увид само во ограничени области на нивната експертиза, тешко е да ги разберат размерите на проблемите со кои се соочува нашата цивилизација. Се разбира, на лаиците им е уште потешко, пренесува „Индекс.хр“.

„Просечна личност има потешкотии да ја разбере големината на оваа загуба, и покрај постојаната ерозија на ткивата на човечката цивилизација“, пишуваат авторите, истакнувајќи дека причината зошто тежината на нивните зборови може да изгледа претерано е фактот што влоговите за кои зборуваат во својата работа се неверојатно високи.

„Нашата порака можеби не е популарна, но е навистина застрашувачка“, напишаа истражувачите во својот осврт во списанието „ Conversation“(Разговор).

„Но, научниците мора да бидат искрени и точни ако сакаат човештвото да ја разбере големината на предизвиците со кои се соочуваме“, додаваат тие.

Објавеното истражување анализирало повеќе од 150 студии, а на него работеле 17 водечки научници, вклучувајќи и некои од Универзитетот Флиндерс, Стенфорд и Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.

Во таа студија, експертите ги опишуваат веројатните идни трендови во губење на биодиверзитетот, масовно истребување, климатски промени и токсично загадување.

“Проблемите поврзани со човечката потрошувачка и растот на населението скоро сигурно ќе се влошат во текот на следните децении. Штетата ќе се чувствува со векови и го загрозува опстанокот на сите видови, вклучувајќи го и нашиот”, велат авторите.

Тие велат дека прво се обиделе да утврдат до кој степен експертите ја разбираат големината на заканата за биосферата и нејзините животни форми, вклучувајќи го и човештвото. За жал, нивните резултати покажаа дека идните услови за живот ќе бидат далеку поопасни отколку што експертите моментално веруваат.

Тие ги презентираа и објавија сите релевантни податоци, како и тоа што нè чека, што „исчезна“ од лицето на земјата и како никој не стори ништо. Исто така, во нивната анализа, има упатства за тоа што може и треба да се направи во обид барем да се забави ова црно сценарио. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ