По повод 18 октомври – Светскиот ден на менопаузата, чија цел е да се подигне свеста за оваа фаза од животот и да се промовира одржување на женското здравје и благосостојба, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се организира недела на бесплатни прегледи.
Прегледите и консултациите на пациентки во менопауза траат од 17 до 21 октомври, од 14 до 20 часот, со следниот распоред на лекари: понеделник (17.10) – асс. д-р Даниел Милковски, вторник (18.10) – доц. д-р Анета Сима, среда (19.10) – асс. д-р Димитар Калчовски, четврток (20.10) – асс. д-р Наташа Илиева и петок (21.10) – асс. д-р Ева Созовска Белчовска.
Целта на оваа активност, како што се посочува во соопштението од ГАК, е да се подигне свеста кај пациентките, да им се објасни сè она што би сакале да го дознаат во врска со оваа состојба, да добијат совет и да се насочат кон дополнителни иследувања, терапија и слично.
Секоја година во светски рамки се одбележува овој ден на различен начин – со предавања, трибини, советувања, превентивни прегледи и со дружби. Темите се различни и обработуваат по еден органски систем кај жените – годинава фокусот е ставен на грижата за менталното здравје (темата е расположение, когнитивна состојба кај жените во менопауза).
Недела на бесплатни прегледи на ГАК по повод 18 октомври – Светски ден на менопаузата
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!