вторник, ноември 19, 2024
домаКујнаНедела на полски филм: Светот на Кшиштоф Кјешловски

Недела на полски филм: Светот на Кшиштоф Кјешловски

Во рамки на ноемвриската програма на Кинотеката од 25 ноември до 2 декември ќе се случува „Недела на полски филм: Светот на Кшиштоф Кјешловски“ во која ќе бидат прикажани филмови на славниот полски режисер.

Во прилог програмата за настанот.

25 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

ТРИ БОИ: СИНО

(Trois couleurs: Bleu / Three Colors: Blue)

Игран филмФранција / Полска / Швајцарија

1993, 98 мин., колорДЦП

РежијаКшиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski)

СценариоКшиштоф КјешловскиКшиштоф ПјешевичАгњешка ХоландСлавомир Иџиак (Krzysztof Kieślowski, Krzysztof Piesiewicz, Agnieszka Holland, Slavomir Idziak)

УлогиЖилиет БиношБеноа РежанФлоранс ПернелШарлот Вери (Juliette Binoche, Benoît Régent, Florence Pernel, Charlotte Véry)

Сензибилната Жули е во среќен брак со познатиот композитор Патрисво кој имаат петгодишната ќеркаДодека семејството се вози во автомобил во ноќтаПатрис ја губи контролата над воланот и удира во дрвоГинат Патрис и ќеркатаа Жули е тешко повредена.

Уште додека заздравува во болницаЖули размислува за самоубиствоно сепак се решава да ја победи болката по изгубеното семејство на тој начин што ќе ги прекине сите врски од нејзиниот дотогашен животЌе ја смести мајка си во старски домќе ги спали партитурите на неизведениот „Концерт за Европа“ на нејзиниот сопругќе го продаде имотот на селоќе си го врати моминското презиме и ќе се пресели во ПаризСака да побегне од сè што ја врзува за спомените на семејството и болните емоцииВо Париз ќе се спријатели со сосетката Лусилќе дознае дека пријателот на Патрис сепак сочувал копија од партитурите на концертот на сопруготно и дека тој (Патрисимал љубовница која очекува негово дете

ТРИ БОИ: СИНО е првиот дел от трилогијата ТРИ БОИ, кои ги симболизираат боите на француското знаме и паролите за слобода (сино), еднаквост (бело) и братство (црвено). Филмот доби „Златен лав“ и уште шест други награди на фестивалот во Венеција, три награди Цезар, номинација за „Златен глубус“… Визуелно перфектен, суптилно режиран, со импресивната музика на Збигњев Преснер, ТРИ БОИ: СИНО спаѓа во ремек-делата на Кјешловски.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: Бесплатен Влез 

НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ: СВЕТОТ НА КШИШТОФ КЈЕШЛОВСКИ

26 НОЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

ТРИ БОИ: БЕЛО

(Trois couleurs: Blanc / Three Colors: White)

Игран филм, Франција / Полска / Швајцарија

1994, 92 мин., колор, ДЦП

Режија: Кшиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski)

Сценарио: Кшиштоф Кјешловски, Кшиштоф Пјешевич (Krzysztof Kieślowski, Krzysztof Piesiewicz)

Улоги: Згигњев Замаковски, Жули Делпи, Јануш Гајос, Јежи Штир (Zbigniew Zamachowski, Julie Delphy, Janusz Gajos, Jerzy Stuhr)

Полјакот Карол е во големи неволји откако неговата сопруга Доминик, Французинка, поднесува барање за развод, бидејќи предизвикал пожар во нејзиниот фризерски салон. Доминик е незадоволна сопруга, додека, пак, Карол е стаствено влубен во неа и опседнат од нејзината убавина.

Карол, исфрлен од домот и без егзистенција, питачи во париското метро. Единствен излез гледа во бегство назад во татковината. Неговиот земјак Миколај ќе го прошверцува во Полска во багажникот од автомобилот, и сега Карол на улиците на Варшава се занимава со различни нелегални работи. Не го напушта надежта дека ќе се збогати и ќе ѝ докаже на Доминик дека е достоен за нејзината љубов. Се одлучува да ги тестира нејзините емоции и ќе ја инсценира сопствената смрт…

ТРИ БОИ: БЕЛО е црнохуморна крими-комедија за која Кјешловски доби „Сребрена мечка“ на Берлинале и номинација за Европската филмска награда. 

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари 

НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ: СВЕТОТ НА КШИШТОФ КЈЕШЛОВСКИ

27 НОЕМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

ТРИ БОИ: ЦРВЕНО

(Trois couleurs: Rouge / Three Colors: Red)

Игран филм, Франција / Полска / Швајцарија

1994, 99 мин., колор, ДЦП

Режија: Кшиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski)

Сценарио: Кшиштоф Кјешловски, Кшиштоф Пјешевич (Krzysztof Kieślowski, Krzysztof Piesiewicz)

Улоги: Ирен Жакоб, Жан-Луј Третињан, Фредерик Федар, Жан-Луј Лори (Irene Jacob, Jean-Louis Trintignant, Frédérique Feder, Jean-Pierre Lorit) 

Младата и убава Валентина студира во Женева и работи како манекенка и фото-модел. Заради бројните обврски и честите патувања сè поретко се гледа со нејзиното момче, Англичанец.

Кога еден ден со нејзиниот автомобил ќе удри едно куче, Валентина помогајќи му на животинчето го запознава неговиот сопственик, стариот Жозеф Керн, поранешен судија. Неговото студено и загадочно однесување ја интригира Валентина. Керн е циничен и осамен човек чие омилено хоби му е прислушкување на телефонските разговори на соседите. По почетните несогласувања, Валентина постепено ќе почне да гради пријателски односи со Керн, сфаќајќи дека се сродни души.

Од судијата ќе дознае дека тој некогаш бил лудо вљубен во девојка што го изневерила со друг маж, па отишла со него во Англија, но загинала во сообраќајна несреќа. Истовремено, во соседството на Валентина живее младиот студент Аугуст, чија судбина на необичен начин ќе се спои со таа на Валентина…

Романтичната драма на Кјешловски беше номинирана за Оскар (за режија, сценарио и фотографија), за „Златен глобус“, БАФТА, Европска филмска награда… Режисерот изјавуваше дека ТРИ БОИ: ЦРВЕНО ќе биде негов последен филм, бидејќи остатокот од животот сака да го мине изолиран од светот, пушејќи цигари во неговата соба: две години по неговата премиера Кјешловски почина. 

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари 

НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ: СВЕТОТ НА КШИШТОФ КЈЕШЛОВСКИ

28 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ДВОЈНИОТ ЖИВОТ НА ВЕРОНИКА

(La double vie de Véronique / The Double Life Of Veronique)

Игран филмФранција / Полска / Норвешка

1991, 98 мин., колорДЦП

РежијаКшиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski)

СценариоКшиштоф КјешловскиКшиштоф Пјешевич (Krzysztof Kieślowski, Krzysztof Piesiewicz)

УлогиИрен ЖакобХалина ГриглашевскаКалина ЈедрусикАлександер БардиниВладислав КовалскиЈежи Гудејко (Irène Jacob, Halina Gryglaszewska, Kalina Jedrusik, Aleksander Bardini, Wladyslaw Kowalski, Jerzy Gudejko) 

Две сосем еднакви девојки имаат исто име – Вероник(а) (Weronika и Véronique, ги глуми Жакоб), но едната живее во Париз, а другата во Полска. Девојката од Полска има прекрасен глас, пее во хор и чувствува дека живее и друг живот. Таа се сели во Краков и случајно здогледува една девојка која личи сосем исто како неа.

Девојката од Франција, пак, има чувство дека еднаш умрела. За време на посетата на татко ѝ на село запознава куклар (Александар Бардини) и се вљубува во него. Вероника, пак, победува на еден конкурс, но за време на концертот паѓа мртва на сцената. Вероник и кукларот изнајмуваат хотелска соба, каде што водат љубов, а Вероник има чувствтво дека ѝ умрел некој близок. Прогонета од тоа необични и мачно чувство, Вероник одлучува да ја премине кариерата на соло-пејачка, станува професорка по музика и пишува книги за деца. Притоа, на една фотографија од своето патување во Полска, таа ја забележува истоимената девојка…

Ирен Жакоб беше наградена со „Златна палма“ за најдобра женска улога на фестивалот во Кан, додека Кјешловски ја освои наградата ФИПРЕСЦИ и наградата на Екуменското жири. Филмот беше номиниран и за „Златен глобус“.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари

НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ: СВЕТОТ НА КШИШТОФ КЈЕШЛОВСКИ

29 НОЕМВРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.

БЕЗ КРАЈ

(Bez konca / No end)

Игран филм, Полска

1985, 107 мин., колор, ДЦП

Режија: Кшиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski)

Сценарио: Кшиштоф Кјешловски, Кшиштоф Пјешевич (Krzysztof Kieślowski, Krzysztof Piesiewicz)

Улоги: Грацина Шаполовска, Марија Пакулнис, Александер Бардини, Јежи Радзивилович, Артур Барцис, Михал Бајор (Grazyna Szapolowska, Maria Pakulnis, Aleksander Bardini, Jerzy Radziwilowicz, Artur Barcis, Michal Bajor) 

По смртта на сопругот, адвокатот Антек Зиро, преведувачката Уршула Зиро бара утеха за тагата посветувајќи им се на синот Јацек и на преведувањето на прозата на Џорџ Орвел. Добива повик од членовите на семејството на последниот клиент на мажот, притворениот организатор на штрајк Дарек Стах, на кои им требаат документи и правни совети за неговиот случај. Антек бил еден од ретките адвокати кои се одважиле да бидат бранители на политичките затвореници во Полска по 1981 година, а за да му помогне на Дарек, Уршула бара нов адвокат кој ќе ја продолжи работата на нејзиниот сопруг.

Дарек чека пресуда, во државата владее вонредна состојба, а движењето Солидарност е забрането. Уршула ќе го убеди колегата на Антек да се ангажира во случајот со Дарек, но тој бил во љубовна врска со Јоана, сопругата на затворениот Дарек. Уршула наскоро ќе сфати дека интензивното укажување на покојниот сопруг е некој вид предупредување…

По воведувањето на вонредната состојба во Полска повеќето режисери престанале да снимаат, а Кјешловски одел во судниците за да собира материјал за планираниот документарен филм за актуелните политички процеси. Така го запознал адвокатот Криштоф Пјешевич, кој ќе стане негов постојан соработник-сценарист. Драмата БЕЗ КРАЈ претставува и почеток на соработката на Кјешловски со композиторот Збигњев Преснер (Zbignew Preisner), чија музика ќе ги обележи сите подоцнешни дела на Кјешловски.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари 

НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ: СВЕТОТ НА КШИШТОФ КЈЕШЛОВСКИ

30 НОЕМВРИ (САБОТА), 20:00 ч.

ЛУЗНА

(Blizna / The scar)

Игран филм, Полска

1976, 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Кшиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski)

Сценарио: Ромуалда Караси, Кшиштоф Кјешловски (Romualda Karasi, Krzysztof Kieślowski)

Улоги: Франтишек Пјечка, Мариуш Дмоховски, Јежи Штур, Халина Виниарска, Станислав Игар (Franciszek Pieczka, Mariusz Dmochowski, Jerzy Stuhr, Halina Winiarska, Stanislaw Igar) 

Амбициозен партиски војник со преговори и уцени  успева да го протурка проектот за изградба на голема хемиска фабрика покрај малото провинциско гратче Олецка. За главен изведувач на проектот е именуван искусниот инженер Стефан Беднарз од Варшава,  морален и чесен човек кој некогаш живее во Олецка. Тој ги познава локалните прилики и население, жена му била партиска активистка во тој крај, но враќањето во Олецка не буди убави спомени кај нив. Две децении претходно жена му била на чело на локалната организација на комунистичката партија и била во судир со мештаните, а враќањето во провинцијата не ѝ се допаѓа ниту на нивната ќерка Ева. Кога ќе почне со елан да работи на спроведување на проектот, Стефан ќе влезе во судир со мештаните кои го гледаат сопствениот интерес…

Социјаната драма на Кјешловски освоила награди на Полскиот филмски фестивал и претставува навестување на новата фаза во творештвотот на дотогаш успешниот документаристички автор. Кјешловски целиот негов авторски век сметал дека снимањето документарци е најблагородниот начин на занимавање со филм. Кјешловски практично во сите негови полски игран филмови го користи документаристичкиот инстинкт.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари

НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ: СВЕТОТ НА КШИШТОФ КЈЕШЛОВСКИ

1 ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА), 20:00 Ч. 

КИНОАМАТЕР

(Amator / Camera Buff)

Игран филм, Полска

1979, 112 мин., колор, ДЦП

Режија: Кшиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski)

Сценарио: Кшиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski)

Улоги: Јежи Штур, Малгоржата Забковска, Стефан Чизевски, Ева Покас (Jerzy Stuhr, Malgorzata Zabkowska, Stefan Czyzewski, Ewa Pokas)

Во провинцискиот град Вјелице кон крајот на 70-те години од минатиот век, фабричкиот работник Филип Мош добива ќерка и тој настан го обележува со купување на 8 мм филмска камера. Со неа започнува да го снима растењето на ќерката. Филип бил сираче и сега верува дека му се исполнил сонот кој го сонувал во сиропиталиштето, да има среќно семејство со сопругата Ирма.

Но, снимајќи го секојдневието наоколу, Филип ќе почне со поинакви очи да ја гледа реалноста околу себе. Дополнителните проблеми настануваат кога локалниот шеф на комунистичката партија ќе побара од него да ја сними прославата на јубилејот на локалната фабрика. Фасцинацијата од можностите филмската камера го менува животот на Филип, но неговите шефови грубо ќе интервенираат во краткиот филм што тој го снима за фабриката.

Кјешловски со КИНОАМАТЕР го привлекол вниманието на меѓународната филмска критика и филмот е награден на фестивалите во Москва (ФИПРЕСЦИ и Златна награда), Берлин и Чикаго. Во овој филм Кјешловски на извонреден начин го спојува документаризмот со фикцијата и им дава ефектна посвета на филмските сниматели. КИНОАМАТЕР  е дело што на интелигентен начин се занимава со темата за цензурата во тогашна комунистичка Полска, како и со мотивот на политичката репресија на државата врз индивидуата со поинакви ставови и коментари.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари

НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ: СВЕТОТ НА КШИШТОФ КЈЕШЛОВСКИ

2 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

СЛУЧАЈНОСТ

(Przypadek / Blind chance)

Игран филм, Полска

1987, 114 мин., колор, ДЦП

Режија: Кшиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski)

Сценарио: Кшиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski)

Улоги: Богуслав Линда, Тадеуш Ломницки, Збигњев Запасиевич, Богуслава Павелец, Марзена Трибала  (Boguslaw Linda, Tadeusz Lomnicki, Zbigniew Zapasiewicz, Boguslawa Pawelec, Marzena Trybala)

Младиот Витек на железничката станица во Лоѓ се обидува да се качи на возот за Варшава. Витек трча по возот кој само што тргнал од перонот, и во зависност од тоа дали ќе се качи во него и кого ќе сретне во вагонот, ќе доживее три различни судбини.

Во првиот случај ќе се качи во возот и ќе го запознае стариот сталинист и ќе ја сретне бившата девојка која што сега е припадничка на илегалното антикомунистичко движење. Во вториот случај Витек ќе задоцни за возот, ќе го удри стражарот и ќе биде уапсен и осуден на еден месец затвор, по што ќе му се придружи на илегалното студентско движење и ќе започне љубовна врска со сестрата на стариот пријател од детството. Во третиот случај ќе задоцни за возот и ќе се врати на факултетот, а потоа ќе се ожени со Олга и ќе стане успешен лекар.

Оваа слоевита и интригантна омнибус драма е снимена во 1982 година, но заради цензурата премиерата ја доживеала пет години подоцна, со две награди на Полскиот филмски фестивал. Кјешловски во СЛУЧАЈНОСТ се манифестира како голем католички моралист, сензибилен уметник и општествен хроничар кои критичките опсервации ги пренесува низ фикцијата. Авторот ја тематизира неслободата на индивидуата и нејзината неможност да живее независно од политиката. На симболично ниво, критичарите во неговото дело ги препознале трите можни иднини кои стоеле пред Полска за време на снимањето на филмот.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ