сабота, декември 21, 2024
домаЖивотЗдравјеНедостатокот на вода го намалува јасното размислување

Недостатокот на вода го намалува јасното размислување

Знаеме дека водата е важна за здравјето и функционирањето на телото, а еве недостатокот на вода влијае врз нас. Покрај тоа што недостатокот на вода во организмот го попречува нормалното функционирање на телото, умерена дехидрираност може да го намали јасното размислување, предупредуваат американските научници.
Блага до умерена дехидрираност води до нарушување на вниманието и тешкотии во донесувањето одлуки, пишува во списанието „Медицина, наука, спорт, искуство“.
Научниците откриле дека дехидрираноста предизвикана проблеми, особено во задачи кои бараат внимание, моторичката координација и т.н. извршна функција, која вклучува, на пример, снаоѓање на географски мапи, правопис, сметање или корекција на текстови.
Физичката кондиција е доведена во прашање кога некое лице губи два проценти од телесната маса, особено по вежбање во топла средина.
Научниците истражувале што се случува во мозокот во тоа време со иста загуба на течност. Негативните ефекти не биле драматични, но растеле со зголемување на недостатокот на вода во телото.
Општи симптоми на дехидрираност се: немоќ, слабост на мускулите, намалена секреција на урина и конфузија.
Не треба да земате премногу вода и да одите во друга крајност, затоа што може да дојде до опасна состојба – хипонатремија.
Научниците порачуваат дека е потребно да се следи бојата на урината – таа е многу светла ако се внесува премногу течност, а интензивна и темно жолта урина кога сте дехидрирани.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ