Најздравите оброци што може да ги конзумираме се оние што ги подготвуваме дома. Сепак, нашите зафатени распореди честопати не ни дозволуваат да подготвиме свеж оброк во кујните. Без разлика колку рано ќе станеме наутро, едноставно изгледа дека нема доволно време да направиме здрав, балансиран појадок пред да излеземе од дома, а уште помалку да подготвиме ручек за на работа и да ја испланираме вечерата. Поради ова, се вртиме кон брзата храна и веќе подготвените оброци како алтернативи за да го нахраниме нашето тело за битките што следат.
Проблемот лежи во тоа што брзата храна е полна со презервативи и адитиви кои не му користат на нашето тело на ниеден начин. Спротивно на тоа, колку повеќе брза храна внесуваме, толку полошо ќе се чувствува нашето тело. Еве неколку проблеми што може да се појават поради конзумирање на брза храна.
- Предизвикува загуба на меморијата и деменција
Една работа што можеби не сте ја знаеле за брзата храна, е дека студиите дошле до заклучок дека редовното конзумирање на брза храна е поврзано со намалување на активноста на мозокот.
Диета која се состои од доза на брза храна може да го поремети начинот на кој нашето тело создава и пренесува инсулин. Што повеќе шеќер и масти внесуваме, толку повеќе инсулин се создава, а резултатот од тоа е нашиот мозок да стане отпорен на овој хормон.
- Ја спречува способноста да се потисне гладот
Погледнете ги нутритивните вредности на брзата храна, и разгледајте ја содржината. Овие едноставни карбохидрати му даваат моментална енергија на телото што мислите дека е доволна за да ги извршите дневните обврски. За жал, тоа е огромна грешка.
Крофните, вафлите и газираните пијалоци може да ви дадат дополнителна енергија, но само моментална, по која ќе се чувствувате уште полошо пред да го конзумирате тој брок.
- Придонесува до дебелина
Кога ја губите способноста да го контролирате гласот, најверојатно ќе качите неколку килограми. Секако, првите 5 килограми нема да се забележат, и веројатно веќе се убедивте дека со неколку недели трчање ќе се вратите во форма. Но, што се случува кога шемата продолжува без реализација на плановите за вежбање?
Само доколку фрлиме поглед врз нутритивните вредности на парчињата брза храна , може да забележиме дека своеволно внесуваме шеќери, масти, масла и јаглехидрати во нашите тела. Ефектите на овие состојки без вежбање, или ограничување на внесот на брза храна, водат до гојазност.
- Го опструира дишењето
Проблемите со дишењето се ефект од преголема консумација на брза храна. Како што накачувате телесна тежина, наскоро ќе почуствувате недостаток на воздух додека правите секојдневни активности како качување по скали или пешачење подалеку од вашата кола до вашата канцеларија.
Истражувањата покажуваат дека децата под 15 години кои конзумираат брза храна најмалку три пати неделно, е поверојатно да развијат асма.
- Води кон депресија
Зборувавме како брзата храна води кон губиток на меморија и крајно деменција доколку се конзумира често во подолг период време, но не завршивме со објаснување на негативните ефекти кои ги има врз мозокот. Премногу шеќер и јаглехидрати во нашите тела може да ја промени хемиската структура на нашиот мозок, со можен резултат-депресија.
Иронијата е во тоа што оние што страдаат од ваков вид на депресија, најчесто се осврнуваат кон брзата храна како лек за нивната состојба. Шеќерот води до моментално подобрување на ситуацијата, но запомнете дека на крајот, се се распаѓа.
Направете си услуга себеси и на вашето семејство и стојте подалеку од брза храна, кога и да е тоа возможно.