среда, декември 4, 2024
домаЖивотНеколку примени на омекнувачот за алишта

Неколку примени на омекнувачот за алишта

Омекнувачот за алишта покрај својата основна функција може да се користи и за други нешта во домаќинството.

Самото име кажува дека се користи за алиштата да бидат меки, но еве и за што друго можете да го употребите, а можеби не сте знаеле.

Користете го омекнувачот како освежувач на просторот. Наполнете шишенце со распрскувач, со раствор кој што сте го подготвиле со омекнувач и вода во сооднос 1:3. Испрскајте ги завесите, тепихот и другите ткаенини кои што сакате да оддаваат пријатен мирис.

Електрицитетот на телевизорот и другите пластични работи низ домот, можете да го намалите ако на крпата со која што бришете прашина капнете неколку капки не растворен омекнувач. Со тоа ќе го намлите електрицитетот, а со самото тоа и помалку ќе се собира прашина. Воедно ќе се шири и пријатен мирис во просторијата.

Доколку никако не можете да најдете средство кое што на рамните површини ќе им даде совршен сјај, омекнувачот за алишта може да ви помогне. Направете раствор од една мала чашка омекнувач и четири исти чашки вода ( или во завосност од потребата може повеќе или помалку, само соодносот да се запази 1:4 ), со помош на шише со распрскувач испрскајте ги крпите со кои бришете и чистењето може да започне. Ова ќе биде идеално средство за бришење на пшрозори, туш кабината или пак други мазни површини во домот. Чистењето завршете го со тао што површинита ќе ја пребришете со сува чиста крпа.

Истиот сооднос од 1:4 на омекнувач и вода, искористете го и за вадење на старите тапети од ѕидовите. Натопете сунѓер со подготвениот раствор и со истиот поминете ги убаво тапетите. Тие многу лесно ќе се извадат, а вашите ѕидови ќе бидат подготвени за нови тапети или пак за кречење, изборот е ваш.

Четката за фарбање ќе ја задржи својата мекост ако по употребата се испере во вода во која имате ставено неколку капки омекнувач за алишта. Осушете ги по перњето, а тие ќе останат меки и за наредната употреба.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ