Немања Гудељ и Анастасија Ражнатовиќ се селат во Саудиска Арабија? Фудбалерот доби понуда која не се одбива

0
33

Имено, сопругот на Анастасија Ражнатовиќ доби повик да се пресели во тимот на Ал Шабаб. Многумина се прашуваат дали Гудељ ќе ја прифати оваа понуда и заедно со Анастасија ќе се преселат во Саудиска Арабија.

Тие во моментот живеат во Севиља, Шпанија, каде што Немања игра, а Ражнатовиќ ужива во животот таму, што секојдневно го покажува на социјалните мрежи, но останува да се види што е приоритет на спортската кариера на Гудељ во овој момент.

Да потсетиме, Гудељ еднаш веќе добро заработи на истокот, кога во 2017 година ја изненади Европа со заминувањето од Ајакс поради повикот од Тијенџин Теде.

Во Кина доби чек на 5.200.000 евра годишно, со договор на три години, и успеа навреме да заработи бидејќи Кинезите веќе не плаќаат и не доведуваат играчи како некогаш.

Како што неодамна беше прикажано на сајтот “Capology,” точната заработка на зетот на Цеца на неделно ниво изнесува 78.846 евра.

Ф.С.