вторник, ноември 19, 2024
домаЖивотСоцијална политикаНеопходни се групи за самоподршка за жените кои влегуваат во менопауза

Неопходни се групи за самоподршка за жените кои влегуваат во менопауза

Поминување низ менопауза бара поддршка. Но, она што ви треба, не прашувајте од никого, туку од извор каде што акцентот е ставен на индивидуалните потреби и проблеми.

Менопаузата, како и бременоста, се вели дека е нормален настан во животот на жените. Но, тоа не значи дека не ви е потребна поддршка и вистински информации во овој период од животот. Менопаузата се јавува кога жената ќе престане со менструација, најчесто на возраст од 45 до 55 години. Дијагнозата се поставува од моментот кога жената го добива последниот менструален циклус и е без него 12 месеци по ред. Периодот што ја воведува жената во менопауза се нарекува перименопауза, а преминот од перименопауза во постменопауза може да трае до 10 години. За време на целиот овој период се јавуваат хормонални промени во женското тело – нивото на хормоните естроген, прогестерон и тестостерон се намалува.  Секаде во светот постојат доктори специјалисти и во оваа област, а Македонија е една од ретките, ако можеби и единствена во регионот која нема таков специјалист. Паралелно со ова нема ниту групи за самоподршка на жените кои се соочуваат со симптомите кои се јавуваат кај нив. Само колку за потсетување жените кои влегуваат во период на менопауза се најчуствителни и најмногу размислуваат за самоубиство.

Искуства и вистински извор на информации
И додека текот на менопаузата може да варира од жена до жена, бидејќи некои имаат малку или немаат никакви симптоми и се чувствуваат одлично затоа што веќе немаат менструација, други може да имаат многу непријатности како што топлотни удари, а понекогаш и да станат депресивни Поради различните искуства, многу е важно жените да имаат вистински извор на информации, без разлика дали се пријателки кои минуваат низ истиот процес, или постари жени кои веќе имаат искуство и можат да посочат што следи, или тоа е личен лекар. Да работиме со лекар за да најдеме олеснување за симптомите на менопаузата, како што се топлотни удари, на пример, е само еден дел од успешната „навигација“ во менопаузата. Од друга страна, разговорот со пријателчите, членовите на семејството и другите жени, особено со оние кои самите поминале во менопауза, може да обезбеди непроценлива емоционална и социјална поддршка и помош. Жените на тој начин се чувствуваат помалку осамени поради сè низ што минуваат, што, како што велат експертите, е и лековито.

Како да ја добиете потребната поддршка?
За медицински информации, прво и основно држете се до здравствените работници, се разбира, ако ги има. Затоа што она што и помогнало на вашата пријателка не значи дека ќе ви помогне и вам. Лекарите потсетуваат дека менопаузата е многу лично и индивидуално искуство, како што се контрацепција, бременост или начин на раѓање на бебе. Разговорот со вашиот лекар за начините за олеснување на менопаузата е секогаш најдобриот избор, бидејќи лекарите можат да помогнат да се избегне потенцијалното „минско поле“ на неточни, често еднострани совети. Тие исто така ги нагласуваат индивидуалните потреби на жената и нејзините проблеми. „Секоја жена треба да зема хормони“ или „Никој не смее да размислува за хормонска терапија“ – се некои од темите што може да ги застапуваат вашите најблиски. Верувајте им на своите инстинкти. Ако сметате дека лекарот не се справува доволно со вашите проблеми или дека не ја добивате потребната помош, пронајдете друга.

Најдобри се групите предводени од лекари
Денес во светот постојат бројни групи и здруженија за поддршка на жени кои поминуваат низ менопауза, но ако размислувате да се зачлените, и забележите дека постои само еден начин да ја поддржите групата на вистински начин, тоа треба да биде „црвено знаме“ за вас. Побарајте групи за поддршка на менопаузата предводени од лекари, бидејќи поврзувањето со други жени во менопауза за споделување приказни и искуства може да биде корисно – исто како и поврзувањето со идните родители на часовите за породување. Сепак, важно е секогаш да имате предвид дека она што било од корист за друга жена може да не ви одговора наа вас. Затоа организирајте се меѓусебно и побарајте совет од доктор. Новинари за човекови права неодамна имаше едно истражување на оваа тема и резултатите покажуваат дека кај нас жените не се организираат меѓу себе и не постојат групи на самоподршка, а поголен процен на анктеираните жени изјавидела дека имаат потреба од групна терапија.

Избегнувајте „продавачи“ на подобрувања
Она што е важно е жените кои се наоѓаат во овој период да се „хранат“ со реномирани, непристрасни извори. Без разлика дали станува збор за популарна книга или алтернативен практичар, пазете се од кој било или што било што продава производи на потрошувачи за нивна сопствена финансиска корист. Наместо тоа, обидете се да најдете вистински експерти за менопауза кои се поврзани со реномирани болници, студии или организации. На овој начин можете да бидете сигурни дека информациите што ги добивате се точни и непристрасни.       Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ