четврток, декември 26, 2024
домаНишкиот симфониски оркестар вечерва на „Охридско лето“

Нишкиот симфониски оркестар вечерва на „Охридско лето“

По големото свечено отворање, фестивалот „Охридско лето“ вечерва ја продолжува музичката програма вечерва со концерт на Нишкиот симфониски оркестар од Србија.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот под диригентската палка на Зоран Станисављевиќ.

Нишкиот симфониски оркестар е единствена институција од ваков профил надвор од Белград, кој во Србија, а и пошироко делува седумдесет години. Основна дејност на оркестарот е изведување на уметничка музика, истовремено негувајќи го културното наследство со учество на бројни уметници од Србија и од странство.

Оркестарот има остварено гостувања на бројни манифестации „Денови на Мокрањац“ во Неготин, фестивалот „Дубровнички летни игри“ (Хрватска), Фестивалот „Олимпус“ (Грција), фестивалот „Свет на музиката“ во Фивицано (Италија) како и гостување во Грац (Австрија). Нишкиот симфониски оркестар е добитник на значајни награди и признанија.

Зоран Станисављевиќ (1972), дипломирал диригирање во 2001 година на Факултетот за уметности во Приштина во класата на проф. Јован Шајновиќ, а магистрира на ФМУ во Белград во класата на проф. Шајновиќ и проф. Даринка Матиќ-Маровиќ. Бил асистент диригент на Академскиот хор на Универзитетот во Ниш од 1999-2004 година, а во 2004 година го основа Женскиот хор на Студенскиот културен центар во Ниш. Со овие ансамбли настапува во Република Српска, Словенија, Северна Македонија, Бугарија, Грција, Белорусија, Шпанија и Италија. Со хоровите со кои работи освојува бројни награди и признанија, а во хорската недела во 2010 е избран за вокален педагог на Европскиот хор. Од 2012 година е ангажиран како гостин диригент на Нишкиот симфониски оркестар. Работи како редовен професор на Факулетот за уметности во Ниш.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ