Носењето маска на отворено ќе стане задолжителна низ цела Албанија од следната недела. Веста ја објави премиерот Еди Рама на прес-конференција заедно со министерката за здравство Огерта Манастирлиу, објави албанскиот сајт за новини „Егзит“.
Рама исто така рече дека казната за кршење на одредбата ќе биде додадена на сметката за електрична енергија, така што никој нема да може да избегне да ја плати.
А.Н.