понеделник, ноември 18, 2024
домаНотр Дам пак во опасност: Запалената катедрала треба итно да се заштити...

Нотр Дам пак во опасност: Запалената катедрала треба итно да се заштити од дожд

Архитектите кои веќе работат на реставрација на париската катедрала Нотр Дам, имаат нов проблем бидејќи најавениот дожд може уште повеќе да ја оштети, па црквата забрзано се покрива, објави „Би-би-си“.

Итно поставување помошна церада е еден од највисоките приоритети. Сводот на катедралата, кој делумно се урна за време на пожарот што го зафати Нотр Дам во понеделникот, сега накисна од дожд. Покрај тоа, постојат три големи дупки во сводот. Една од нив настана кога се урна камбанаријата. Архитектите се плашат дека силниот дожд може да предизвика понатамошно распаѓање на црквата.

„Итно псотавуање помошна церада е еден од најголемите приоритети. Гредите се таму, церада пристигнува. Подготвени се и планинарите и градежните работници“, изјави за француската BFM ТВ Филип Вилнев, главен архитект кој работи на реконструкцијата.

Веќе сега се планира распнување посебен функционален „чадор“ на покривот на црквата за реконструкцијата да тече без поголеми проблеми. Но, овој чадор сè уште не е подготвен, а заканата од врнежи е премногу сериозна за да се чека за негово поставување. Дожд треба да има во Париз во четврток.

Постоше загриженост дека пожарот што избувна во актедралата на 15 април можел да ја оштети осум века старата црква. Пожарникарите успеаја да го изгасат пожарот, а голем дел од внатрешноста на црквата остана неоштетена. Работите на стабилизацијата на катедралната конструкција траат откако пожарот беше изгаснат. Славната катедралска розета за чудо го преживеа пожарот и веќе е заштитена со дрвена подлога и заштитни материјали.

Претседателот на Франција Емануел Макрон вети дека симболот на Париз ќе биде обновен за период од пет години, по можност пред Олимписките игри во Париз, што во тој град треба да се одржат во 2024 година.

Трошоците за реновирање, најверојатно, ќе бидат огромни, но познати и богати Французи веќе се обврзаа да дадат стотици милиони евра за потребите на реконструкцијата. Додека се чека санација на штетата и изградба на уништените делови на катедралата, во близина ќе се изгради привремена дрвена катедрала, за да се продолжи со црковните работи, и овој предлог беше поддржан од страна на градоначалничката на Париз Ан Идалго.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ