недела, декември 22, 2024
домаНасловнаНов дизел скандал - сега на удар е „Ауди“

Нов дизел скандал – сега на удар е „Ауди“

Германските власти го истражуваат “Ауди” во сопственост на Фолксваген групата поради сомневање дека е инсталиран пиратски софтвер во шест-цилиндричниот мотор на дизел моделите A6 и спортската верзија А7 на “Ауди”.
– Органите надлежни за моторни возила започнаа официјална истрага. На удар се околу 60.000 возила, од кои 33.000 се наоѓаат во Германија – соопшти за „Си-ен-ен“ германското министерство за сообраќај.
Во САД нема вакви возила, а испораката во други земји е прекината до завршување на истрагата. „Ауди“ соопшти дека се откриени неправилности во работењето на софтверот за управување со дизел моторите А6 и А7. Наводно, поради откриениот софтвер автомобилот се покажува многу подобро на тестот, отколку што работи во пракса.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ