четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаНови случаи на Ковид-19 во Кина, сите дошле од странство

Нови случаи на Ковид-19 во Кина, сите дошле од странство

Кина забележа помал број новозаразени, но мерките што го ограничуваат движењето се засилени во некои делови од земјата. Ова е сторено заради страв од појава на нови случаи на заразени од странство.

Вчера се пријавени 35 нови случаи на коронавирус во Кина и сите потекнуваат од странство, соопшти Националната здравствена комисија, пренесе Ројтерс.

Во централната провинција Хунан, каде неодамна безбедносните мерки се сведени на најниско ниво, вчера се појави првиот случај на коронавирус што доаѓа од странство, објавија медиумите повикувајќи се на провинциската комисија за здравство.

Властите остануваат загрижени за ризиците што ги предизвикуваат случаи на коронавирус кои доаѓаат од странство, а во последните денови им беше забрането влегување во земјата на странци и наредено да се намали бројот на меѓународни летови.

Во моментов Кина дозволува не повеќе од 134 меѓународни летови неделно за да се задоволат потребите на граѓаните и студентите во странство кои сакаат да се вратат дома, а одобрени се 108 летови оваа недела, изјави заменикот на генералниот директор на кинеската администрација за цивилно воздухопловство Лу Ерсуе.

Вкупно 1,6 милиони кинески студенти студираат во странство, а 36 беа позитивни за коронавирусот, рече заменик-министерот за надворешни работи, Ма Џаосу. Според провинциската медицинска служба, се појавил асимптоматски случај во Хенан, кој дошол од странство.

Вкупно 10 асимптоматски случаи се под медицински надзор, од кои шест се патници кои доаѓаат од странство. Другите четири случаи биле заразени на локално ниво.

Во меѓувреме, се појавија 37 асимптоматски случаи во покраината Хубеи, епицентарот на епидемијата, објави Ксинхуа. Бројот на нови асимптоматски случаи нагло опадна денес на 55 наспроти вчера кога изнесуваше 130.

Асимптоматските случаи се помалку заразни од потврдените случаи, изјави главниот епидемиолог на кинескиот ЦДЦ Џунџоу Ву, осврнувајќи се на истражувачкиот документ на  Нингбо ЦДЦ.

Сепак, двајца од тројца од заразените ќе добијат симптоми, рече Ву. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ