Новинарите под удар: Сведоштва за насилството врз медиумите за време на протестите во Нигерија

0
43

„Тој ме удри со кундак од пушка“, изјави новинарот на весникот Premium Times, Јакубу Мохамед, за Комитетот за заштита на новинарите (CPJ), присетувајќи се како бил удрен од полицаец додека известувал за протестите против трошоците за живот во главниот град на Нигерија, Абуџа, на 1 август. Двајца други полицајци го претепале, му го зеле телефонот и го фрлиле во полициско комбе, и покрај тоа што носел елек со ознака „Прес“ и им ја покажал својата новинарска легитимација.

Мохамед е еден од најмалку 56 новинари кои биле нападнати или малтретирани од безбедносните сили или неидентификувани граѓани додека известувале за демонстрациите #EndBadGovernance во Нигерија, една од неколкуте земји во субсахарска Африка што доживеа анти-владини протести во последните месеци.

Новинарите во Нигерија се пример за опасностите со кои се соочуваат репортерите во многу африкански земји за време на протестите.

Минатата година, CPJ утврди дека повеќе од 40 нигериски новинари биле притворени, нападнати или малтретирани додека известувале за претседателските и државните избори. Во 2020 година, најмалку десетина новинари биле нападнати за време на кампањата #EndSARS за укинување на бруталната полициска единица за борба против грабежи (SARS) во Нигерија.

Н.Д.