НОВО ПРАВИЛО ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

0
53

Од 10 ноември оваа година, граѓаните на Македонија и уште 60 други земји ќе се соочат со ново правило при влез во Европската унија. За да патуваат во ЕУ, на граѓаните ќе им биде потребна посебна пријава, а од средината на следната година и сертификат, односно дозвола за влез во ЕУ. За да се добие сертификатот, потребно е да се поднесе барање пред патувањето, при што ќе се проверува и „криминалната позадина“ на секој кој се обидува да влезе во ЕУ. Ова е еден од клучните фактори кои можат да доведат до одбивање на издавањето на сертификатот.

Системот е составен од два дела:

Првиот дел – EES, кој започнува со работа на 10 ноември, ќе служи за бесплатна регистрација на патниците при влез и излез од ЕУ. Овој автоматизиран систем ќе овозможи патниците да се пријават преку апликација или веб-страница, користејќи го својот патен документ за едноставна регистрација.

Вториот дел – ETIAS, кој предвидува издавање на дозволи за патување, не е само пријава за пат, туку вклучува и проверка на патниците. ETIAS системот не собира биометриски податоци, за разлика од EES, но е поврзан со пасошот на патникот. Кога патникот ќе аплицира за влез во ЕУ од средината на 2025 година, дозволата може да се добие за само неколку минути, освен ако не постои некој проблем, што може значително да ја продолжи целата процедура.

Н. Доковска