домаНуклеарната централа Чернобил е без струја, има ризик од радијација

Нуклеарната централа Чернобил е без струја, има ризик од радијација

Од украинската нуклеарна централа во Чернобил би можело да се испуштаат радиоактивни материи, бидејќи не може да го лади потрошеното нуклеарно гориво откако и било прекинато напојувањето со лектрична енергија, соопшти денеска украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“.

„Работите на поправка на коенкцијата и враќање на електричната енергија во електраната која ја зазедоа руските трупи не беа можни бидејќи борбите се во тек“, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Ројтерс.

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко претходно изјави дека украинските власти не ги знаат нивоата на радијација во нуклеарната централа во Чернобил, бидејќи немаат информации што се случува таму откако таа беше окупирана од руски војници.

Тој рече и дека Украина исто така нема контрола врз она што се случува во окупираната нуклеарна централа во Запорожје, каде, како што вели, се стационирани 400 руски војници, пренесува Ројтерс.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека е прекинат далечинскиот пренос на податоците од безбедносниот систем за следење на украинската нуклеарна централа во Чернобил.

„Системите за следење на нуклеарниот материјал во капацитетите за складирање на радиоактивен отпад во нуклеарната централа во Чернобил, која беше заземена од руските сили минатиот месец, престанаа да испраќаат податоци до Меѓународната агенција за атомска енергија“, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси, пренесе „Гардијан“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ