сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотЖивотна срединаНула толеранција за (аеро)загадувањето и непочитување на правото на живот

Нула толеранција за (аеро)загадувањето и непочитување на правото на живот

По повод 16-ти ноември, меѓународниот ден на толеранција, Здружението за социјални иновации и одржлив развој РАДАР, Новинари за човекови права, Првата детска амбасада Меѓаши и Зелениот институт,
Ги повикуваат граѓаните на Република Македонија, да ја потпишеме петицијата НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА (АЕРО)ЗАГАДУВАЊЕ И ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ.

Во писмото што го испратија до ТЕХТ.МК се вели:

Република Македонија, како потписник на сите меѓународни документи за заштита на човековите права, има обврска да ги почитува, заштитува и унапредува условите за реализација на човековите права. Оваа обврска бара државата да преземе соодветни законски, административни, буџетски, судски и други мерки во правец на целосна реализација на човековите права. Во таа насока, ја повикуваме државата да ги исполни обврските во однос на почитување на основното право, ПРАВОТО на ЖИВОТ воведувајќи ИТНИ мерки за намалувањето на загадувањето кое диретно влијае на здравјето на луѓето и нивниот живот.

Предлог итни мерки треба да се воведат ВЕДНАШ без изговор дека нема средства или пак со префрлање на одговорноста помеѓу институциите. Државата е гарант за човековите права и во таа насока нека ги организира соодветните институции за имплементација на следните итни мерки кои се безбедни за луѓето:
� Итно третирање на горивата со органски каталитични конвертори (пре/пост согорувачки технологии), на сметка на државата, а посебно за возилата за јавен превоз
� Активирање на скаберите за всисување на прашината, посебно околу градилиштата
� Бесплатен градски автобуски превоз СЕКОЈ ден во текот на следните три месеци
� Субвенционирање на меѓуградскиот автобуски превоз од/до Скопје за намалување на бројот на возила кои влегуваат во Скопје во текот на следните три месеци
� Целосно субвенционирање на автобускиот превоз на релации до Куманово и Тетово кои заедно со Скопје спаѓаат во групата на најзагадени градови, во текот на следните три месеци
� Воведување на 24 часовен зајакнат инспекциски надзор со помош од еколошките инспектори од другите градови во Македонија
� Опремување на инспекциските служби со соодветна опрема за мерење
� Обезбедено вклучување на граѓанскиот сектор во контролата на работата на институциите кои работата на проблемот (аеро)загадување преку формирање на независен систем за мониторинг со што ќе се обезбеди транспарентност и партиципативност при определување на приоритетите
� Итна детекција на загадувачите и нивно јавно објавување
Доколку се воведат мерките за третирање на горивата, бесплатен или субвенциониран јавен превоз, ги повикуваме и такси компаниите, во наредните три месеци да ја зголемат цената за 50% како мерка за поттикнување на граѓаните да користат јавен превоз.
Премиерот, Министрите, Пратениците, Градоначалниците и Советниците, бидејќи не ја исполнуваат својата обврска за обезбедување на услови и животна средина за реализација на правото на живот, да формираат ФОНД за помош и лекување на децата од заболувања предизвикани од загадувањето, со донирање на дел од платата, односно надоместокот заради неизвршување на работните задачи, во висина од 10-50% во зависност од висината на примањата.
Доколку Владата, Министерството за животна средина, градот Скопје и општините не почнат ВЕДНАШ со примена на предложените итни мерки за кои не им треба дополнителна подготовка и во рок од недела дена, односно до 23 ноември 2018, не излезат со КОНКРЕТНИ и ЕФЕКТИВНИ мерки, искористувајќи го знаењето на граѓаните за проблемот, ќе ги искористиме сите расположливи меѓународни механизми, да ја потсетиме државата дека заради непостапување и нерешавање на аерозагадувањето го загрозува основното право на ЖИВОТ.
Креаторите на оваа петиција ги повикуваат сите претставници на меѓународната заедница кои дојдоа да ни дадат поддршка за референдумот, повторно да не посетат и да ни дадат поддршка во борбата за живот и решавање на аерозагадувањето во Република Македонија.
Се нведува дека копија од оваа петиција ќе биде испратена до сите меѓународни организации кои работат и во полето на човековите права и во полето на животната средина.
Потписи ќе се собираат во период од 16-19.11.2018 година, а на 19.11.2018 година ќе одржиме и прес конференција во просториите на х. Карпош во 10:30 часот.
Потписниците на петицијата  ЈАВНО ги повикуваат претставниците на Владата, Министерството за животна средина, градот Скопје и претставници на сите општини, да ими се приклучат на прес конференцијата на која ќе им предадат копии од потпишаната петиција и предлог мерки за системско решавање на проблемот.

НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА (АЕРО)ЗАГАДУВАЊЕ и НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ЖИВОТ

Петицијата може да се потпише ТУКА.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ