Пишува: Наташа Доковска
„Ние долупотпишаните еколошки организации и граѓански иницијативи кои работат на полето на заштита на животната средина во Р.Македонија даваат целосна подршка за Измената и дополната на Законот за минерални суровини од Декември 2017 предложени од група пратеници.
Сметаме дека овие измени во законот за минерални суровини се особено важни за да ја заштитиме животната средина како и здравјето и животот на луѓето, двете особено важни природни права кои ги штити и Уставот на Р.Македонија.
Токму затоа предлагаме амандман на текстот на Измената и дополната на Законот за минерални суровини во насока на воведување на референдум како услов кој мора да биде исполнет во постапката за доделување на концесија за есплоатација на минерални суровини по барање од заинтересирано лице (во прилог на ова писмо).
Овде повеќе не станува збор за економски развој на земјата, рудници со отворен коп кои употребуваат цијаниди и сулфурна киселина ќе значат загадување на почвите, воздухот и водите во земјата, а со тоа доведување во опасност на земјоделието и изворот на храна за граѓаните во Р.Македонија.
Во услови кога климатските промени се видлив проблем кој не може да се игнорира и предизвикуваат екстремни временски услови со катастрофални последици, губење на човечки животи и материјални штети, сметаме дека е недозволиво за една земја потписник на Парискиот Договор од 2015 година да дозволи губење на огромни површини шуми и зеленило и уништување на обработливи површини земја. Зелените површини се најзначајна алатка за митигација на климатските промени, а почвата која се обработува има способност да складира огромни количини јаглероден диоксид- штетен гас најмногу виновен за климатските промени. Само за споредба, 2,500 милијарди тони јаглерод се складирани во почвите, а само 560 милијарди тони во флората и фауната на Планетата.
Со 1/3 од територијата на земјата под шуми со екосистеми со богат биодиверзитет и ендемични и ретки видови, дури три природни езера меѓу кои и најстарото на европскиот континент сметаме дека нашата држава може и мора да размислува само во насока на одржлив развој.
Забраната за цијаниди и сулфурна киселина во рударската индустрија е најмалку што пратениците во Собранието кои се избрани од граѓаните можат да направат за да ги заштитат истите тие граѓани кои им ја дадоа својата доверба дека ќе ги штитат и ќе им обезбедат услови за живот во оваа земја.
Амандман 1:
Предлог- текстот за референдумот
(1) Граѓаните од единицата на локална самоуправа на чија територија се отвара рудник преку референдумот се изјаснуваат за предлог одлуката на Министерството за економија за доделување дозвола за користење концесија за металицни суровини.
(2) За предлог одлуката на референдум се изјаснуваат и граѓаните од соседните општини доколку рудникот се наоѓа во нивна непосредна близина.
(3) Изјаснувањето на референдумот се спроведува во текот од два месеци по доставувањето на предлог одлуката на Министерството за економија до Советот на општината.
Со почит,
Граѓанска иницијатива Спас за Валандово
Спас за Гевгелија
Спас за Богданци
Спас за Козјачија
Стоп за Рудниците на Смртта
Здружение Еко Правда Валандово
Здружение Спас за нас Гевгелија
Полимат 13 Богданци
Здрава Котлина Струмица
Еко Долина Ново Село
Куманово бара чист воздух
Еко Живот Кавадарци
Центар за истражување и информирање Еко- свест
ЦНВП Македонија
ЕД Еко- Рурал Пелистер
Милиеуконтакт Македонија
Аналитика Тинк Тенк
НВО Новинари за човекови права
Плоштад Слобода
НВО ОРТ
НВО Гринбокс
НВО Еко Логик
Здружение Амброзија- Пехчево
Ајде Македонија
Движење за околината Молика ДОМ – Битола
Центар за климатски промени – Гевгелија
Движење на екологистите на Македонија
Центар за развој и унапредување на јавниот живот- Тетово
О2 Коалиција
Стоп на Загадувањето
Воздух Сега
Македонски Зелен Центар
Еколошко друштво Роса, Чашка„