четврток, декември 19, 2024
домаКујнаОбилни врнежи и поплави во Грција, евакуирани туристи

Обилни врнежи и поплави во Грција, евакуирани туристи

Бура, дожд и поплави погодија бројни летувалишта во Грција, а најмногу проблеми има на Ситонија каде се проплавени куќи и одделни патишта, објави пожарната служба. Во Никити на Ситонија се поплавени патиштата што предизвика сообраќајни проблеми, а водата однесе едно возило, објави грчката агенција АНА.

Реката во Агиос Николаос се излеа од речното корито. Во поплавите на Ситонија се евакуирани гостите на хотелот „Аша Марис“ во Пиргадикија. Гостите беа евакуирани во хотелот „Александрос“ и сите се добро. Автомобилите претрпеле материјална штета.

Во делот на Ситонија во близина на Неос Мармарас нема последици, освен вчерашните обилни дождови, сè друго функционира нормално.

Местото Ормос Панагија претрпе материјална штета поради обилен дожд и неколку продавници се поплавени. Гостите на еден од хотелите се евакуирани во друго сместување минатата ноќ.

Лошото време го погоди и селото Каналија во Тесалија, каде што се поплавени 30 куќи, пренесе „Катимерини“, а неколку локални патишта се под вода. Седум куќи се евакуирани во Керасија.

Поплавите исто така ја погодија Лариса, а заменик-градоначалникот Василис Лечиос за грчката агенција изјави дека крајбрежните патишта се значително оштетени.

Од невремето во Грција бил погоден и српскиот манастир Хиландар на Света Гора и според српските медиуми, обилните дождови го уништиле пристапот кон Хиландарскиот манастир, кој сега е опкружен со вода.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ