Од Министерството за здравство информираат дека од 12 јули, секој ќе може да се вакцинира против ковид-19 без разлика дали е пријавен или не за вакцинација. Секој кој сака ќе може да се вакцинира без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на оние кои се пријавиле на веб-платформата.
И понатаму, вакцинацијата ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација. Истовремено се планира и да се започне со теренска вакцинација, а се со цел да се опфатат поголем број на граѓани.
Во земјава досега се вакцинирани 358.686 граѓани, а пријавени се 484.220 лица. Во моментов имунизацијата во земјава тече со вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Синовак“.
А.Н.