На 47 години во Софија, почина некогашмиот гинеколог Николче Дамчевски како последица на корона вирусот. Само колку за потсетување тој беше осуден на затворска казна од две години бидејќи лажел пациентка дека е бремена. По пресудата тој успеа да избега во Бугарија, каде извесен период работеше во болницата „Мајчин дом“ во Софија.
Лекарската комора му ја одзема лиценцата на седум години, а откако за тоа разбрале во Бугарија му дале отказ и од тоа работно место. Но, Димчевски кој имаше и бугарско државјанство остана да живее во Бугарија.
Тој своевремено работеше во неколку приватни болници во Македонија. Н.Д.